Кога бебињата ги помешуваат денот и ноќта
Светлината предизвикува да лачиме повеќе кортизол, хормон кој помеѓу другото не држи будни. Кога ќе се стемни почнуваме да лачиме повеќе мелатонин. Додека бебето е во стомакот на мајката, нејзиниот ритам го контролира и ритамот на нероденото бебе.
Кога ќе се роди бебето тоа привремено останува без оваа хормонална контрола, се додека не почне да го развива својот ритам во првите три месеци од животот. Ова значи дека бебето привремено живее во свет, каде што нема разлика помеѓу денот и ноќта, а тоа истото го чувстуваат и неговите родители.
Нормални шаблони на спиење кај бебињата
Всушност зборот шаблон не е прикладен, бидејки бебињата немаат предвидливи шаблони на спиење. На почетокот целиот циклус на сон и будност изгледа како да е целосно дисорганизиран. Еве што велат истражувањата:
- Сонот може да трае 30 минути или 4 часа, тоа се случува без некој распоред.
- Бебињата поглемиот дел од сонот го минуваат во активна РЕМ фаза, а не во длабок сон.
- До четвртата недела "просечно" бебе спие околу 14 часа, но некои бебиња ќе спијат по 9 или 19 часа.
Значи бебето можеби ќе биде будно само 5 часа во текот на едно деноноќие или пак 15 и сето тоа е нормално. Она што е карактеристично е дека лесно ќе се вознемирува и буди.
Возрасните и бебињата имаат многу различни процеси на спиење
Циклусот на сон кај возрасните трае околу 90 минути. За ова време возрасните имаат период на РЕМ фаза (кога очите рапидно се движат), проследена со фаза на длабок сон и потоа повторно враќање во РЕМ фаза. Ова е време кога или се будиме или почнуваме нов циклус на сон. За време на РЕМ фазата сонуваме и мозочната активност е слична како кога сме будни. Рано во текот на ноќта имаме помал РЕМ период, а во раните утрински часови тој се зголемува.
Новороденчињата пак имаат поинаков шаблон. Тие имаат РЕМ фаза, која вообичаено трае околу 20 минути. За ова време тие лесно можат да се разбудат. После овој период бебето влегува во период на подлабок тивок сон. Кога ќе поминат околу 50 минути бебето повторно се буди или пак почнува нов циклус.
Додека возрасните во РЕМ фазата поминуваат околу 20% од времето на спиење, кај бебињата таа е многу подолга. Тие во оваа фаза кога е лесно да се разбудат минат и до 75% од времето поминато во сон.
Зошто лесното спиење е важно за бебињата
Според некои научници, лесното спиење на бебињата им е заштита од СИДС или синдром на ненадејна смрт во колевка. Лесниот сон и честото будење им помага на бебињата одново да го воспостават ритамот на дишење. Истражувањата на Др. James McKenna, професор по Антропологија на Универзитетот во Нотердам, покажале дека бебињата кои спијат во иста соба со мајката не само што ги делат истите циклуси на сон, туку почесто се буделе - потикнати од движењата на мајката - што може да го намали ризикот од СИДС. McKenna смета дека овие движења на мајката го учат бебето самото да се буди и одново да го воспотави ритамот на дишење, со што се намалува ризикот од СИДС.
Како да му помогнете на бебето да научи да разликува ден од ноќ
1. Вклучете го бебето во вашите дневни активности
Носењето на бебето е одличен начин за да го сторите ова. Истражувањата покажуваат дека кога бебињата се вклучени во активностите на мајките, тие полесно се адаптираат на 24 часовниот ден. Нека биде бебето блиску до вас, зборувајте му додека ги извршувате дневните обврски.
2. Покажете му дека ноќта е поврзана со спиење
Бебето нека биде близу до вас, за да можете да реагирате на првите знаци на глад. Ќе откритете и дека не мора секогаш да му ја менувате пелената. Будењето ќе го намалите ако му ја менувате пелената после хранење, наместо преходно кога најчесто и немало потреба.
Обидете се да користите толку светлина колку што ви е потребна за да гледате што правите. Звуците нека бидат тивки, правете минимални разговори. Се разбира дека понекогаш ова нема да биде возможно, но обидете се колку можете повеќе да се стремите кон смирена околина.
3. Нека влезе светлина
За време на денот бебето нека биде изложено на дневна, природна светлина. Избегнувајте да преспива во замрачена соба, изнесувајте го надвор секој ден, а ролетните нека бидат отворени. Ова не само што ќе му овозможи на бебето најдобра околина за да го развие својот ритам, туку ќе биде корисна и за вашиот природен циклус на сон.
4. Воспоставете ноќен ритуал
После вечера пригушете го светлото и намалете ги звуците на минимум. Капење, масажа, потоа читање на приказна или пеење на некоја песничка можат да му станат на бебето знак на транзиција и тоа ќе продолжи и во детството.