Месец 3
До крајот на третиот месец повеќето бебиња можат:
- Да ја кренат главата и градите кога лежат на стомак.
- Да ја кренат главата за 45 степени.
- Да клоцаат и да ги исправаат нозете кога лежат на стомак.
- Се буткаат надолу со нозете кога се поставени на тврда површина.
- Енергично клоцаат со нозете.
- Посегаат по предмети.
- Ги отвараат и затвараат рацете.
- Ги спојуваат двете раце заедно.
- Го следат движењето на предметите.
- Почнуваат да имитираат звуци.
- Почнува да се развива координација око-рака.
- Го препознаваат вашето лице, дури и на растојание.
- Ја држат главата исправена.
Некои бебиња можеби ќе можат:
- Да се вртат кон познати гласови.
- Да испуштаат звуци на негодување и незадоволство.
Прва недела од третиот месец
Вашето бебе можеше да ве препознае уште кога имаше неколку дена, но сега може и да го покаже тоа. Половина бебиња на оваа возраст покажуваат очигедно препознавање кон родителите. Можеби ќе се обиде да ве бара низ собата и кога ќе ве најде може да почне да мафта возбудено со рачињата и да се смее. А и самиот ваш мирис може да му делува смирувачки и утешително.
Бебето веројатно ќе продолжи да им се смее на непознатите, особено ако го гледаат директно во очи или му зборуваат и гугаат. Но тоа почнува да сознава кој е кој во животот и дефинитивно ќе развие преференца кон родителите или неколку блиски личности.
Втора недела
Бебињата уживаат да бидат допирани. Всушност тие напредуваат преку допирот, допирот има критична важност за растот и развојот кај бебето. Контактот кожа со кожа помага не само да се зацврсне врската помеѓу мајката и бебето, туку во исто врме и го утешува бебето.
Негувајте го кај бебето чувстовото за допир со тоа што ќе му дадете да допира разични материјали, нпр. плиш, крзно итн. Но ВНИМАВАЈТЕ, вашето бебе наскоро ќе почне се да става во уста, никогаш немојте да го оставите само со нешто што ќе може да го проголта или да го загуши.
Трета недела
Вашето бебе веќе почнува да донесува заклучоци за светот околу себе и разгледува се со радозналост.
Ако му ставите огледало тоа заинтересирано ќе го гледа својот лик во него, иако уште долго нема да биде свесно дека тоа е негов одраз. Бебиња сакаат огледала и многу често им се смеат да децата кои ги гледаат од другата страна. Прочитајте ТУКА повеќе за огледалата и бебињата.
Четврта недела
Кога ќе го ставите бебето на стомак, тоа веќе ќе може да ги крене високо главата и рамениците, потпирајки се на рачињата. Тие малечки склекови им помагаат на бебињата да ги зајакнат мускулите и да можат подобро да видат што се случува околу нив. Освен тоа бебињата на оваа возраст се превртуваат од грб на стомак и обратно.
Можете да го охрабрите бебето во превртувањето. Ставете некоја играчка на страната на која вообичаено се врти и ако е доволно заинтересирано ќе го направи тоа. Пофалете го и кажете му браво, тоа за него е нова вештина и вашето охрабрување има голема важност.