Победете ја констипацијата на природен начин

Констапицијата има повеќе непријатни симптоми: подуен стомак, болки во стомакот, губење на апетит, летаргија итн. Игнорирањето на запекот може да доведе само до повеќе компликации, а постојат едноставни начини за да си помогнете и да се изборите со него.

Еве една мала листа на храни, кои можат да бидат од огромна помош во борбата со констипација.


Вода


Водата игра клучна улога за да избегнете констипација. Значи секогаш внимавајте да сте хидрирани. Ако во вашиот организам нема доволно вода, тој ќе се погрижи да ја обезбеди со тоа што ќе ја апсорбира и од дебелото црецо, па од таму тврдата столица, болките во стомакот и другите непријатности поврзани со запекот. Водата ќе помогне столицата да набабри и да биде помека, а со тоа и ќе се олесни нејзиното исфрлање.


Зеленчук


Зеленукот е веројатно најдобрата категорија на храна за повеќето здравствени проблеми. А ова особено важи ако страдате од констипација. Најдобар зеленчук за да избегнете запек е грав, зелка, броколи, грашок, спанаќ итн. Варениот зеленчук губи дел од хранливите материи, но ако имате проблеми со варење на храната, полесно ќе го поднесете во таква форма.


Овошје


Овошјето исто така е ваш голем пријател кога станува збор за констипација. Круши, ананас, папаја, праски - овие овошја се препорачуваат за нервозни црева. Јаболката, бобичестите плодови исто така имаат одлична количина на растителни влакна и ќе ви бидат од голема корист.


Суво овошје


Сувото овошје е одлично за вашиот стомак, сливи, кајсии, урми, суво грозје, смокви итн. се одличен лек за нервозно црево. Сливите се природен лаксатив.


Пробиотици

Пробиотиците како lactobacillus acidophilus, се живи организми кои го населуваат нашиот дигестивен тракт и имаат огромно значење за негово здравје и за здравјето на целиот имунолошки систем. Една од нивните функции е и да ги потиснуваат штетните микро организми и да не им дозволуваат претерано да се размножат во организмот, потоа формираат зашитна обвивка во цревата и ја подобруваат нивната заштита, учествуваат во метаболизмот на некои витамини итн. Пробиотиците можат да ви бидат од огромна помош во борба со констипацијата. Пробиотици можете да земате во форма на суплементи, но можете да пиете и ферментирани култури како кефирот.


Ленено семе


Лененото семе исто така заслужува да го вклучите во вашата исхрана. Не само што е пребогато со омега 3 масни киселинни, кои се важни за целокупното здравје, туку може многу да помогне за да избегнете констипација. За поголема ефикасност на семките од ленот потребно е да ги сомелете. Така вашиот организам ќе може целосно да ги апсорбира хранливите материи. Лененото семе уште е добро и за намалување на апететитот и слабеење.

Designed by Antsin.com