Како да му помогнете на настинато бебе

Social Buttons

настинка кај бебе

Навистина е тешко кога најмалите се настинати и како родители се би сториле за некако да можеме да им помогнеме. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да му олесните на бебето кога е настинато, а советите (со извесни модификации) можат да се применат и на поголеми деца.


Дојте го бебето почесто


Мајчиното млеко има толку многу бенефитити за бебето, еден од нив е и дека може да му помогне на бебето во борба со микро организмите. Кога бебето цица, прима од мајката антитела точно за оние микро организми, кои ја предизвикале болеста. Доењето исто така помага за да се раствори мукусот и може да помогне за да се прочисти грлото на бебето.


Капнете му мајчино млеко во носот


Можете да користите и солени капки, но мајчиното млеко е најдобро. Мајчиното млеко ќе го омекне и раствори мукусот и дури понекогаш можеби нема ни да имате потреба од пумпа за чистење на носе. Доколку има потреба, употребете ја пумпата исто како што ја користите кога му го чистите носето со солен раствор.


Топла бања


Искапете го бебето во топла вода, топлината ќе му делува благопријатно. Исто така можете да го однесете бебето во бањата, пуштете ја топлата вода за да се направи пареа. Пареата ќе помогне за да му се олесни дишењето.


Есенцијално масло од еукалиптус на облеката


Ставете 1-2 капки есенцијално масло напред на облеката на бебето. Можете да земете по една капка од есенцијално масло од рузмарин и една капка есенцијално масло од еукалиптус. Маслото ќе му го олесни дишењето.


Навлажнувач за воздух


Навлажнувачите кои при својата работа испуштаат топла пареа, ја зголемуваат влагата на воздухот и го намалуваат кашлањето.


Гушкајте се


Држете го бебето близу до вас. За да ви бидат рацете слободни можете да го носите во слинг или марама за носење бебе. Бебињата обично дишат полесно и се помирни кога се носени, а често пати и повеќе спијат.

На крај имајте во предвид дека иако е тешко, така се развива здравиот имунолошки систем на бебето.

Designed by Antsin.com