Месец 8

До крајот на осмиот месец повеќето бебиња можат:


 

  • Да џвакаат предмети.
  • Посегнуваат по лажичето кога ги хранат.
  • Ја вртат главата настрана кога се нахранети.
  • Спијат по 11-13 часа ноќе.
  • Застанувааат со рацете и колената спремни за лазење.
  • Гугаат со ентузијазам.
  • Ја проучуваат гравитацијата со испуштање на предмети.
  • Реагираат на сопственото име.
  • Различно реагираат на разни членови на семејството.
  • Покажуваат загриженост кога ќе се одвојат од мајката.
  • Кажуваат мама и тата, но најчесто не бираат на кој родител ќе го кажат тоа.


Некои бебиња можеби ќе можат:

 

  • Го разбираат зборот не, но вообичаено не го послушуваат.
  • Со палецот и показалецот можат да подигнат некој предмет.
  • Да стојат исправено.
  • Самите да седнат

 

Прва недела од осми месец


Вашето бебе открива нова подвижност, а тоа е пропратено и со паѓања. Можеби вашето срце на момент ќе престанува да чука, но овие работ се нормален дел од детството. Обидете се да уживате гледајки ја радоста на вашето бебе додека ја открива околината, своите можности и новооткриени способности.

Вашето воздржување од презаштитничко однесување ќе му овозможи на бебето да расте и да се спознава себе си. Во секој случај, потребно е да се погрижите да го обезбедите домот максимално, за да биде бебето на безбедно. Да не може да дофати нешто кршливо, нешто што би можело да проголта, да не може да дофати штек за струја, некоја хемикалија или било што би претставувало опасност за него.


Втора недела


Во овој период бебето ги истражува предметите така што ги тресе, ги треска, ги фрла и проучува што ќе им се случи. За да го фасцинирате уште повеќе дајте му предмети што ќе може да ги удира, стиска, тресе, треска или на пример да ги отвора.

Тоа сега учи дека предметите имаат своја намена, на пример може веќе да почне да изразува желба да го држи телефонот на уво. Во наредните месеци ќе сфати дека чешелот може да се употреби за да се чешла, чашата за да пие од неа и ќе почне да разговара самото на неговиот играчка телефон.


Трета недела


Видот на бебето по раѓањето е сеуште слабо развиен, но во овој период јаснотијата и длабочината на перцепција се веќе речиси исти како кај возрасните. Вашето бебе веќе веќе има доволно развиен вид за да ги препознае предметите и личностите во друг дел од собата. Ќе може да ја види играчката што се наоѓа во друг правец во собата и можеби ќе се обдиде да долази до неа. Исто и бојата на очите веќе е слична на оваа што ќе ја има како конечна боја, иако сеуште се можни мали промени.



Четврта недела

 

Откако вашето бебе веќе почнало да патка можеби ќе се прашувате дали му се потребни чевли. Се додека не почне да оди надвор повеќето лекари препорачуваат да оди босо по дома, така ќе зајакнат мускулите на нозете и сводовите на стопалата. Не се вознемирувајте ако кога вашето бебе оди ноџињата малку имаат форма на буквата О или пак бебето оди со стопалата малку свртени нанадвор.
 

 

Претходен месец

Нареден месец