Лазење кај бебињата

бебе лази

Лазењето е еден од големите чекори на бебешкиот пат до независност. Кога ќе го совлада лазењето, бебето може да го истражува светот околу себе, без да се потпира на тоа дека некој друг треба да го земе во раце. Тоа е навистина возбудлив настан, не само за него, туку и за неговите родители.


Кога почнуваат да лазат бебињата?


Повеќето бебиња почнуваат да лазат некаде помеѓу 7 и 10 месеци. Некои дури можеби ќе почнат и порано, но некои бебиња ќе почнат да лазат подоцна. Има и бебиња кои лазењето целосно го прескокнуваат и почнуваат да се исправаат држејки се за мебелот. Сите бебиња не лазат на ист начин, некои лазат наназад, некои се тркалаат странично или се влечат како командоси... Некои бебиња ќе научат да лазат преку ноќ, но повеќето ќе имаат потреба од повеќе вежба на оваа вештина. Можете да очекувате дека до првиот роденден вашето бебе добро ќе лази.


Како моето бебе ќе научи да лази?


Нема да морате вие самите да му покажувате како да лази. Вашето бебе ќе почне да го прави тоа спонтано, како што ќе зајакнува, ќе развива подобра координација и ќе станува поподвижно.

Прво вашето бебе ќе со усоврши седењето без помагање - за тоа му се потребни мускули, кои ќе го држат исправено во седечка позиција. Потоа ќе открие дека може да застане во позиција на сите четири и дека може да се ниша напред назад. Во некоја ситуација, ќе се отурне со колената и ќе стане подвижно. Штом ќе почне да се движи не значи дека веднаш ќе може добро да лази. Можеби ќе поминат неколку недели за да го усоврши својот лазачки стил, додека учи да ги движи сите четири екстремитети во саканиот правец. Некои бебиња во прво време лазат наназад и можат да поминат и неколку недели додека не сфатат како да се насочат напред.


Како можам да му помогнам на моето бебе да лази?


За бебињата да можат да лазат потребно да изградат сила во мускулите.

  • Поминување време на меше. Ова е важно затоа што така бебето развива сила за да го движи телото и да се држи исправено. Ако бебето не сака да лежи на меше на подот, ставете го на вашиот стомак. Така тоа ќе се чувстува побезбедно гледајки во вас, но во исто време ќе ги развива мускулите. Направете го лежењето на меше да му биде забавно, зборувајте му, покажувајте му играчки пред него итн.
  • Ставете пред бебето играчки, кои ќе го мотивират да се придвижи напред. Колите, вовчињта и сл. можат да патуваат вон досегот на бебето и така да го предизвикаат да посега по нив.
  • Немојте да си создавате стрес. Родителите сакаат нивното бебе да учи побрзо, но сепак секое си има сопствено темпо на развој. Не го споредувајте со другите бебиња и не го присилувајте да лази ако не е подготвено за тоа. Чекајте, забавувајте се, подржувајте го и како што се развива - така ќе ја достигне и оваа нова и возбудлива вештина.


Бебето почна да лази, што сега?


Внимавајте да тргнете од домот (од просториите во кои има пристап) се што би можело да биде опасно за него. Најдобар начин за да се осигурате во тоа е да клекнете на сите четири и самите да лазите. Така вашиот видик ќе биде многу подобар. Внимавајте на кабли, штекери, остри рабови, врати од креденци и се она што може да го повреди. Имајте на ум дека бебињата се ставаат во уста, вкучително ронки, камчиња итн. Со тоа што ќе го обезбедите вашиот дом, ќе створите безбедна средина за вашето бебе да може да ја истражува својата околина. Се разбира секогаш под ваш надзор.