Нега и хигена на новороденче
Еве неколку совети за тоа како да ја одржувате хигиената на вашето новороденче, нега на очи, нос, лице, газе, глава итн.
Очи: Некои бебиња имаат жолтеникав исцедок од очите, што најчесто сто се должи на затнат солзен канал. Оваа состојба може да трае неколку месеци, но повеќе ќе ви пречи вам отколку на бебето. Совет: Нежно избришете ги очите на бебето со памук натопен во топла вода или мајчино млеко.
Нос: Носните патишта на бебето често пати собираат мукус. Совет: Детално за чистење на носе кај бебе прочитајте тука.
Лице: Бебињата често пати имаат црвени лица и можеби нема да ви се допаѓа тоа, но бебешките акни се многу честа појава и типично исчезнуваат во првите неколку месеци. Совет: мијте го лицето на бебето со нежен, благ, бебешки сапун.
Глава: Многу новороденчиња имаат бебешки корузи на главата. Совет: мијте ја косата на бебето со нежен, бебешки шампон - не повеќе од 3 пати неделно. Намачкајте ја главата на бебето со масло и нежно четкајте ја со бебешка четка.
Нокти: Ноктите на новороденчињата се меки, но ости и можат да ја изгребат нежната кожа. Совет: користете бебешка ноктарка или бебешки ножички. Ноктите најлесно ќе ги исечете после капење, кога се помеки или кога бебето спие и е опуштено. Повеќе за сечење нокти прочитејте тука.
Жолтица: Често пати новороденчињата имаат жолтеникава боја на кожата по раѓањето. Тоа се должи на насобирањето на билирубин во системот на бебето. Совет: жолтицата најчесто поминува во првите 2 недели. Доколку е потребно на лекар ќе ви дадат светлнсна терапија. Повеќе за жолтица кај бебе прочитајте тука.
Папок: Папочето на бебето треба да го одржувате чисто и суво. За кратко време ќе се исуши и ќе отпадне. Совет: избегнувајте да го покривате папочето со пелените и внимавајте да не го иритираат. Кога го капете бебето внимавајте да не го натопите папочето, а доколку се натопи внимателно исушете го по капењето.
Газе: Премногу влага + чувствителна кожа може да доведе до пеленски осип. Совет: редовно менувајте ги пелените и внимавајте бебето да не е престегнато во нив. По секое менување на пелената најдобро е газето да го измите со памук и топла вода, а потоа добро исушете ја кожата со мека крпа. Повеќе за пеленски осип прочитајте тука.


