Сечење нокти на бебе

Social Buttons

Сечењето на нокитете на бебињата често пати е многу стресна ситуација за родителите дури и кога не го прават тоа за прв пат и најчесто тие би му ја препуштиле на некој друг. Меѓутоа, во исто време сечењето на ноките е неопходно. Ноктите на бебињата се навистина меки, но сепак се остри и тие лесно може да се изгребат по лицето. За да го спречите тоа потребно е редовно да ги кратите.


Совети за сечење на нокти кај бебе

  • Користете бебешка грицкалка или ножици и внимавајте да бидат остри. Тапите грицкалки сечењето ќе го направат многу понепријатно и потешко.
  • Многу родители на своите бебиња преферираат да им ги сечат ноктите додека спијат. Да, заспаните бебиња мрдаат многу помалку. Исто така погодно време се сечење на ноките на бебето е после капење, тогаш се помеки.
  • За многу бебиња допирот на студениот метал на врвовите на прстите предизвикува непријатност. Тоа ќе го избегнете ако ја стоплите грицкалката или ножиците со тоа што некое време ќе ги држите во рака.
  • Држете го цврсто прстот на бебето за да не мрдне и притиснете го врвот на прстот надолу за да си направите простор за полесно да го пресечете ноктот.
  • Обидете се да ги сечете ноктите следејки ја природната заоблена линија, за да не оставите остри краеви, со кои што бебето пак би можело да се изгребе.
  • Внимавајте да не пресечете премногу за да го повредите бебето.
  • Доколку сепак се случи да го повредите бебето, сигурно дека ќе се чувствувате ужасно, но не се обвинувајте - тоа е нешто што им се случило на многу родители. Едноставно измијте го местото со вода, притиснете со чисто марамче и држете неколку минути, а крварењето брзо ќе запре. Не се препорачува да ставате фластери затоа што тие многу лесно можат да завршат во устата на бебето.
  • Не заборавајте ниту на прстите на нозете. Ноктите на нозете растат побавно, но сепак повремено е потребно и нивно средување.
  • На крај, обидете се да не се плашите. Ова е нешто што секој родител мора да го совлада.
Designed by Antsin.com