Како да смирите плачливо бебе

плачливо бебе

Постојат разни методи, кои се ефикасни за смирување на плачливи бебиња, но треба да открите што е тоа што го смирува вашето бебе. Еве неколку добри совети како да го смирите бебето кога плаче:


Бел шум



Едноставно, направете бел шум. Ритмичкиот, монотон бел шум го потсеќа бебето на времето кога било во матката и тоа може да му помогне да се смири и да заспие. Бел шум можете да направите со фен, машина, навлажнувач на воздух итн., но исто така постојат и апликации за мобилни телефони кои постојано можат да ви бидат при рака.



Топка за вежбање



Земете го бебето во раце и седнете на топката, нежно нишкајки се. Од ова ќе имате двојна корист: ќе го смирите бебето, а воедно ќе ги затегнете вашите стомачни мускли - на која мајка не и е потребно тоа.



Носење на бебето


Бебињата, особено новородените бебиња сакаат постојано да бидат во раце. Обидете се да го носите бебето во слинг или марама, тоа ќе биде блиску до вас, а вашите раце ќе бидат слободни.

 

Завиткајте го бебето



Бебињата сакаат да бидат поцврсто завиткани, затоа што тоа ги потсетува на времето кога биле во стомакот на мајката.

 

Контакт кожа со кожа
 

Оваа техника е позната и како кенгур нега. Соблечете го бебето на пелена и држете го потпрано на вашата гола кожа - обезбедувајки колку можете повеќе контакт кожа со кожа. Кенгур негата се употребува не само за да се смират бебињата, туку е исклучително корисна и за предвремено родени бебиња, овозможувајки им побрзо да зајакнат. Контактот кожа со кожа смирува, утешува, а исто така е одличен за поврзување со бебето.

контакт кожа со кожа

 


Зафат против грчеви


Пробајте да го држите бебето во "зафат против грчеви". Легнете го бебето со лицето надолу на вашата подлактица и нишкајте го напред - назад. Притисокот на стомачето ќе го смири и ќе му помогне да се ослободат гасовите.

против грчеви

 


Масажа на бебето


Масажата може да биде многу корисна алатка за смирување на бебето. Легнете го бебето на грб на рамна површина. Почнете со нежна масажа од врвот на главата, страните, лицето, мускулите на вилицата, рацете, мешето, па нозете.


Смирете го вашето срце



Бебете знае кога сте под стрес. Тоа ја чувстува тензијата во вашите мускули и удирањето на срцето. Тоа прави и тоа да се најде под стрес, што повторно ќе го големи вашиот стрес и влегувате во магепсан круг. Колку и да сте нервозни, најдобар начин за да го скршите кругот е да се смирите. Дишете полека, додека го држите бебето до вас. Фокусирајте се на тоа да го успорите вашето срце. Често пати и бебето ќе го следи вашиот пример.


Намалете ги стимулансите


Премногу стимуланси се чест проблем. Родителите се научени на дневната светлина и звуци, но новороденчињата биле 9 месеци во темнина и нивниот нервен систем сеуште не е созреан, па често пати тие стимулански можат да му бидат претерани. Изгаснете го телевизорот, пригушете ги светлата. Понекогаш темната и тивка соба ќе му помогне на бебето да се смири.