Подготовка на трудницата за доење
За време на бременоста вашето тело веќе прави се што треба да биде направено. Некаде на средина на бременоста (или подоцна) вашите гради ќе почнат да лачат колострум - првото млеко за бебето, уште наречено течно златo, заради неспоредливите бенефити за бебето. Освен што е преполн со хранливи материи, колострумот е пребогат и со имунолошки фактори, кои се незаменливи за бебето. Значи, запомнете дека вашето тело знае што прави и тоа е потполно соврешно подготвено за доење.
Подготовка на брадавиците за доење
Некои жени сметаат дека треба да ги "оцврснат" брадавиците. Но, оцврснувањето нема да ги направи помалку болни, туку тоа ќе го стори правилното поставување на бебето на градата. Погрижете се уште во бременоста да научите за правилното доење, тоа ќе ви даде голема предност и ќе ги зголеми вашите шанси за успешно доење. Доколку имате многу сува кожа можете да користите ланолин крема, инаку малите испапчувања на ареолите (темните кругови на градите) произведуваат материи кои ги чистат и навлажнуват брадавиците.
Подготовка на вашиот ум за доење
На вашиот ум му е потребна поголема подготовка за доење, отколку на вашето тело. Доењето се учи. Доењето е основен, моќен биолошки систем. Можете да доите, без разлика каков почеток сте имале со бебето. Но, најлесно е кога нема анестетици во системот на бебето и тоа е будно, кога има постојан контакт со мајката по раѓањето, и обично првиот подој се случува во првиот час по раѓањето. Уживајте во единството со вашето бебе.
Подготовка на гардероба за доење
Градникот за доење ќе ви овозможи полесно доење, но не е задолжителен. Кога бирате градник гледајте да биде памучен и комотен, без да ве стега. Многу жени не купуваат посебна облека за доење, обична мајца или блуза со предно закопчување исто така ќе ви завршат работа. Можеби ќе ви бидат потребни и влошки за доење, кои ќе спречат млекото да прокиснува врз блузата, но многу жени поминуваат и без нив.
Слушајте го вашето бебе
Вие ќе родите комплетна личност, а не кукла. Вашето бебе знае што му треба и тоа ќе ви каже ако го слушате. Ќе му треба многу контакт со вас, што ќе му овозможи да се чувстува сигурно. Ќе му треба и многу доење, на почетокот можеби ќе има и по 12 подои во текот на едно деноноќие. Контактот кожа со кожа може да го направи доењето многу поуспешно.
Слуштајте се себе
Вие имате одлични инстикти, исто како што ги има и бебето. Ако нешто што правите или не правите предизвикува да се чувстувате неугодно, обидете се да го правите тоа што ви се чини дека е правилно, без разлика што можеби вашата мајка или пријателка не правеле така. Ако сметате дека е подобро да го држите бебето во раце, правете го тоа што ви го кажуваат инситките, а не луѓето околу вас. Имајте доверба во себе.
Најдете групи за подршка
Придружете се на добра заедница за подршка на доењето. На сите нас ни требаат совети и помош. Имајте некој на кого ќе можете да му се обратите кога ќе ви биде потребно.