Месец 4

До крајот на четвртиот месец повеќето бебиња можат:


 

  • Да спијат по 6 часа во текот на ноќта.
  • Да се првртуваат.
  • Да ја креваат главата под агол од 90 степени.
  • Можат да следат предмет кој се движи и до 180 степени.
  • Гугаат и се забавуваат сами себе си со испуштање на нови звуци.
  • Реагираат на бои и сенки.
  • Ги испитуваат предметите, ставајки ги во уста.
  • Преку плач можат да покажат болка, осаменост или неугодност.

 

Некои бебиња можеби ќе можат:

 

  • Да седат без потпора.
  • Да се вознемират ако им ја земете играчката.

 

 

Прва недела од четврти месец



Се смета дека на оваа возраст бебињата можат да ги разберат сите основни звуци на нивниот мајчин јазик. Помеѓу ова време и шестиот месец бебето ќе развие способрност и самото да произведува некои од тие звуци. Значи веќе можби ќе почнете да слушате и некои слогови како ма ма ма. Според научниците бебињата на оваа возраст не можат тие зборчиња да ги поврзат со вас, но вашата радост нема да биде помала заради тоа.

Можете да го охрабрите бебето во комуникацијата така што ќе ги имитирате тие зборчиња и изрази или пак да кажете нов слог нпр та или да, бидејки тоа може да се обиде да ви возврати со истите.

Вашето реагирање на звуците кои ги испушта бебето, ќе му помогне да ја научи важноста на јазикот и подобро да го сфати концептот за причина и последица.


Втора недела



Вашето бебе може да си игра по неколку минути со сопствените раце или нозе. Бебињата многу често сакаат да ги повторуваат акциите додека не се осигураат во резултатот од нив. Потоа експериментираат и малку ќе ги изменат работите за да видат дали резултатот е поинаков. Но во секој случај, сега вешето бебе е способно самото да се забавува по неколку минути.


Трета недела



Иако плачот е сеуште омилената форма на комуникација на вашето бебе, сепак тоа почнува да ја развива смислата за хумор. Можеби веќе ќе почне да се смее на пријатни изненадувања, нпр ако ја извадите играчката која била под ќебето. Се разбира дека тоа ќе му биде пријатно доколку не го исплашите со нагло движење.

Охрабрете го да се смее, кикоти и насмевнува со тоа што ќе му правите смешни гримаси и ќе бидете хммм ... малку будалести. Бебињата уживаат да слушаат разни звуци и не ви се потребни некои специјални инструменти за да ги произведете, нпр можете да цкнете со јазикот, да свирнете, да имитирате некој животински звук итн., се е оставено на вашата креативност. Уживајте и забавувајте се заедно со вашето бебе.


Четврта недела



Создавањето на вечерна рутина може да му помогне на бебето да заспива полесно. Ако имате постојана секвенца на нештата, нпр да го избањате, да го облечете во пижами и да му пеете приспивни песни или да му пуштите музика и да го оставите да спие, вашето бебе многу полесно ќе го научи редот и времето за заспивање.
 

Претходен месец

Следен месец