Месец 6

Social Buttons

До крајот на шестиот месец повеќето бебиња можат:


  • Ја држат главата во иста линија со телото кога ќе ги повлечете за да седнат.
  • Седат исправено со минимална поткрепа.
  • Ја отвораат устата за лажицата.
  • Со помош можат да пијат од чаша.
  • Можат да држат шише.
  • Можат да имитираат некои изрази на лицето.
  • Посегаат по предмети и ги грабаат.
  • Да кажуваат зборчиња како м-ма-ма, ба-ба-ба и сл.


Некои бебиња можеби ќе можат:

  • Самите да седнат.
  • Да почнат да лазат.
  • Да фаќаат мали предмети со прстите.
  • Кај некои веќе може да започне фазата на анксиозност кога се одвоени од мајката или страв од непознати.

Прва недела од шести месец


Вашето бебе е се поактивно и открива нови начини на движење, па важно е да има комотна облека која нема да го стега или некако да му ја иритира кожата. Избегнувајте бебешка облека со рабови кои можат да ја тријат кожата, копчиња или додатоци кои може да ги голтне или било што што би можело да му пречи во играта или лазењето.


Втора недела


Можеби се обидувате да дознаете дали вашето бебе е левучар или не, но немојте. Тоа сега ќе ги користи двете раце наизменично, а дали е левучар ќе се знае кога ќе наполни 2-3 години. Ако го приморувате да користи некоја рака, а тоа да е наклонето кон користење на другата рака можете да создадете проблеми со координацијата око - рака и понатаму во пишувањето.


Трета недела


Можеби вашето бебе ќе ви покаже дека сака самото да јаде со тоа што ќе ви ја граба лажицата од рака додека го храните или ќе се обиде да грабне храна од вашата чинија и сл. Ако го прави тоа, можете да се обидете да ставите пред него 3-4 многу мали парчиња храна (колку едно залче), но нека седи исправено за да избегнете ризик од задушување.

Бидејки забите сеуште не се пораснати во доволен број, одберете храна која лесно ќе се топи во устата, нпр банана или лубеница.

Доколку бебето не покажува интерес за само да се храни, немојте да се грижите, сеуште е рано. Ослушнувајте го и дозволете тоа да ви покаже кога е време за некоја нова активност.


Четврта недела


На оваа возраст полнетите плишани играчки се често пати омилени играчки на бебињата. Можеби вашето бебе веќе има една омилена играчка, која ја бара секогаш и која му дава сигурност кога е со него. Немојте да се грижите заради тоа, тоа може да е знак на вашето бебе полека се учи на независност и одвоеност од вас.

Дали вашето бебе има омилена играчка можете да откриете многу лесно, едноставнно портебно само да се обидете да му ја земете. Ако бебето навистина сака нешто, тогаш ќе слушнете гласен протест.

Претходен месец

Следен месец


Designed by Antsin.com