Што да не правите ако го храните бебето со адаптирано млеко

хранење со адаптирано млеко

Неколку совети за мајките кои ги хранат или дохрануваат бебињата со адаптирано млеко, а кои ќе им овозможат хранењето да биде побезбедно.

1. Немојте да го топлите шишето на бебето во микробранова печка

Не само шишето со млеко, туку шишето со било која течност за бебето немојте да го топлите во микробранова. Топлењето на шишето во микробранова печка предизвиква нерамномерно загревање на течноста, така што можат да се создадат жешки џебови и бебето да се изгори.

2. Не ја менувајте рецептата

На секое пакување точно е напишано колку млеко треба да се раствори во колкаво количество вода. Секогаш придржувајте се кон упатствата на производителот на млекото. Доколку ставите повеќе вода од пропишаното, постои опасност дека вашето бебе нема да прими доволно хранливи материи. Доколку пак ставите помалку вода, бебето може да го изложите на ризик од дехидрирање.

3. Немојте да додавате ништо во шишето со адаптирано млеко

Немојте во шишето да додавате житарки и слично.

4.  Млекото не го подготвувајте со минерална вода

Минералната вода може да содржи високи количества на натриум или калциум, што може да биде штетно за бубрезите на бебето.

5. Немојте предолго да го чувате подготвеното млеко

Бактериите од устата на бебето можат многу лесно да се размножат во шишето со млеко. Ако вашето бебе не го испило целото подготвено млеко, СЗО препорачува течноста да се фрли после 2 часа стоење.

6. Избегнувајте да го прејадувате бебето

Бебето е личноста која најдобро знае кое е гладно. Не очекувајте дека вашето бебе секогаш ќе го испие целото подготвено млеко.

7. Не го оставајте бебето да спие со шишето во уста

Ако бебето заспие со шишето млеко во уста, млекото ќе продолжи да капе во устата и ќе се створи базен од млеко. Ова може да придонесе до расипување на забите, но исто така ако бебето не е под надзор и спие со шишето во уста може да се задуши.

8. Не го оставајте бебето да се храни само

Немојте ниту да го потпирате шишето и да го оставите само бебето, ова исто така претставува ризик од загушување.

9. Не го загревајте шишето подолго од 10 минути

Подолгото загревање на шишето со млеко може да им овозможи на бактериите одлична средина за засилено размножување. Некои греачи за шишиња се со вграден тајмер, кој се исклучува по 10 минути. Но и ако вашиот не е таков, во секој случај не дозволувајте шишето да се загрева повеќе од 10 минути.