Начници од Медицинскиот Центар во Тел Авив, 2 последователни дена им пуштале музика од Моцарт на предвремено родени бебиња во времетраење од 30 минути дневно. По слушањето на музиката бебињата биле помирни и трошеле помалку енергија, во споредба со бебињата од контролната група, кои не слушале музика. Кога пак трошењето на енергијата е помало на бебињата им требаат помалку калории за да растат и добиваат на тежина, што е особено важно за предвремено родените бебиња.