Што сака бебето да знаете кога плаче
Не плачам за да те манипулирам
Противно на тоа што можеби ќе ви кажат, но бебето не плаче туку така, ниту се обидува да ве манипулира. Едноставно, бебињата не можат да зборуваат на вашиот јазик, па со плачењето се обидуваат да комуницираат со вас најсилно што можат. Плачењето по мама и тато на бебето му овозможува да преживее. Можеби е гладно, уморно, има гасови, можеби му е жешко или едноставно сака да биде близу до вас за да може да го чувстува смирувачкиот мирис. Вашето бебе премина од удовбниот свет во матката во голем нов свет. Кога бебето плаче обидете се да разберете што сака да ви каже, повеќе за неговите знаци можете да прочитате тука. Некои бебиња плачат затоа што имаат грчеви, повеќе за грчеви кај бебињата можете да прочитате тука.
Навистина правиш одлична работа
Немојте плачот на бебето да го сфаќате како личен напад на вашето родителство. Не сте неуспешна, не сте ужасна мајка и бебето во никој случај не плаче за нова мајка! Вие сте одлична мајка и фактот што се обидувате да го смирите вашето бебе кое плаче, го докажува тоа. Немојте да дозволите плачот да ви ја одземе самодовербата. Наместо тоа, фокусирајте се на времето кога вашето дете беше среќно и задоволно овој ден, иако можеби ви се чини дека тоа траело кратко.
Не сум доволно старо за да се самоутешам
Едноставно малите бебиња немаат способност за самите да се утешат, тоа не е вештина со која се раѓаат. Таа вештина се учи во текот на времето, со љубов и трпение. Неои луѓе сметаат дека најдобар начин за бебето да се смири самото е да го оставите да плаче, но студии покажуваат дека тоа не е точно. Вусшност, оставањето на бебето да плаче не само што го води во паника и го прави загрижено, туку го учи да не зависи од другите: зошто да се труди кога никој нема да одговори на неговиот плач? Овие бебиња ќе научат да не плачат, но тоа си има своја цена. Испитувањата покажуваат дека високото ниво на адреналин и кортизол (хормони на стрес) можат да го преплават мозокот, што индицира не дека бебето се смирило, туку едноставно не плаче. Овие бебиња преку нивните најрани искуства научуваат што значи да се биде во светот, нема смисла да се бара помош бидејки нема да ја добијат, со што се учат на беспомошност.
Најдобар начин за да го научите бебето да се самосмири е да одговорите на неговиот плач. Со вашето присуство и утеха кога бебето плаче, вие му покажувате дека може да се справува со емоциите и со текот на време ќе научи да се смирува.
Со тебе се чувстувам побезбедно
Пелената е сува, не е гладно, не му е жешко, ниту ладно. Нема температура, ниту други симптоми поврзани со болест. Зошто може да плче? Понекогаш вашето бебе може едноставно да ја бара сигурноста на неговата мама. Се чувстува безбедно кога сте покрај него. Вашиот мирис, звукот на вашиот глас и вашиот допир му овозможуваат да се чувстува безбедно и сигурно. Понекогаш вашето бебе сака гушкање и нема ништо лошо во тоа. На крај, вие сега сте најважната личност на светот, некој на кого може да се потпре.
Многу подобро се чувстувам во твоите раце
Нема многу ситуации кои предизвикуваат повеќе паника, од оние кога не можете да го смирите бебето кога плаче. Лицето се повеќе се зацрвенува и станува потажно, почнувате да се прашувате што грешите. Сте се обиделе се и ништо не работи. Дури и тоа што го држите во раце не помага. Бидете сигурни, дури и ако продолжува да плаче, бебето се чувстува подобро во вашите раце. Му помагате да се чувстува безбедно и сигурно, дури и кога е неутешно.
Сепак, ако се борите да го смирите и чувстувате дека нервите ви се при крај, земете си пет минути пауза. Ако имате можност оставете го бебето да го причува некој друг член од семејството. Доколку пак сте сами, оставете го на безбедно место, како на пример во креветчето и тргнете се неколку минути на место на кое, нема да го слушате плачот и ќе се фокусирате на нешто друго, на пример можете да се напиете шолја чај и сл. Ако сте смирена вие самата многу полесно ќе го поднесете плачењето.
Знам дека понекогаш е тешко, но кога ти си смирена јас се чувстувам побезбедно
Да се соочите со бебе кое вришти воопшто не е пријатна работа, особено кога сте исцрпени од недостаток на сон. Неможноста да го смирите бебето може да биде застрашувачка и може да почне да ве фаќа паника дека нешто не е во ред. Сетете се дека вашето бебе ги чита вашите емоции. Обидете се колку можете повеќе вие да се смирите, за да му помогнете нему. Ако вие сте успаничена и вашето бебе брзо ќе си прими вашите емоции, што може уште повеќе да ја влоши ситуацијата. Обидете да се сконцентрирате на дишењето или било што друго што ве опушта. Добро е да земате омега 3 масни киселини и магнезиум, како храна за мозокот и нешто што помага за смирување на нервите.
Во ред е ако повикаш засилување
Во ред е ако го повикате тато или баба. Ако имате можност оставете го бебето со некој друг додека вие земете малку свеж воздух или можеби некој може да ви помогне околу домашните обврски. Мајчинството понекогаш знае да биде тешка работа и не мора се да направите сами. Грижете се за себе за да можете да се грижите за бебето.
Ова ќе помине, ти ветувам
Можеби во моментот нема да се чувстувате така, но вашето бебе нема да плаче засекогаш. Солзите се сопрат и наскоро вашето бебе ќе биде повторно вашето среќно бебе. Во меѓувреме бидете таму за него и повторувајте ја конфирмацијата на мајчинството: И ова ќе помине.
Те сакам мамо
Бебето сеуште не може да зборува, за со зборови да ви каже дека ве сака. Можеби не е доволно старо ни да ги подаде малите раце околу вашиот врат и да ве прегрне за да ви стави до знаење дека ве сака. Можеби сеуште не може ни да стави на лицето една од оние толку убави бебешки насмевки, кои се толку охрабрувачки дека вршите добра работа, но дотогаш запомнете дека тоа ве сака!