Уште една придобивка од ексклузивното доење: Го подготвува стомакот на бебето за тврда храна

доење на бебе

Исхраната на бебето во првите месеци од неговиот живот има огромно влијание врз развојот, разновидноста, составот и стабилноста на микробиомот во цревата. Овие фактори пак влијаат врз способноста на бебето да се префли од млеко на трвда храна и може да има долорочно влијание врз здравјето.

Моментот на раѓање е почеток на убава, корисна, доживотна врска помеѓу бебето и милијардите микро организми, кои ќе го населат неговиот дигестивен систем. Микробиомот пак игра улога во дебелината, гастроинтестиналните проблеми - како синдром на иритабилни црева, алергии, автоимуни заболувања итн. Со секоја нова студија се повеќе расте свесноста за неговата важност и важноста за обезбедување на здрава цревна микро флора.

Студијата е објавена во Frontiers in Cellular and Infection Microbiology.

Проф. Andrea Azcarate-Peril, вели:

Откривме дека ексклузивно доените бебиња имаат заедници на микро организми, кои се чини дека се поспремни за воведување на тврда храна. Транзицијата кон тврда храна е многу подраматична за микробиомот на бебињата, кои не се ексклузивно доени. Мислиме дека микробиомот на не-ексклузивно доените бебиња и оние хранети со адаптирано млеко може да придонесе за болки во стомакот и грчеви.

Ова откритие само придонесува кон се поголемата свесност за огромната улога, која ја игра микробиомот во дигестијата на храна и борбата со патогените, помеѓу другите негови функции.

Amanda Thompson, проф. по антропологија, вели:

Оваа студија обезбеди уште поголема подршка на препораките на СЗО и другите организации, кои препорачуваат ексклузивно доење во првите 6 месеци од животот на бебето. Можеме да видиме дека вклучувањето на адаптирано млеко во исхраната на бебето ја менува композицијата на цревната микрофлора, дури и ако тие се исто така и доени. Се чини дека ексклузивното доење е најлесен начин на транзиција кон тврда храна.

За цел на студијата, тимот од истражувачи, собирале примерок од изметот и информации за исхраната на 9 здрави бебиња, додека растеле на возраст од 2 недели до 14 месеци. Со техники на генетско секвенционирање на изметот, научниците го откриле типот и функцијата на бактериите во цревниот микробиом на бебињата. Анализите откриле дека за време на првите месеци биле јасни разликите помеѓу микробиомот на ексклузивно доените бебиња, спореден со оние кои биле хранети со адаптирано млеко или адаптирано + доење. Овие откритија се во соогласност со претходни студии.

Она што ги изненадило научниците биле драстичните генетски разлики помеѓу примероците на измет откако бебињата ќе почнеле да јадат тврда храна.

Кај ексклузивно доените бебиња, кои сеуште биле само доени, биле откриени различни количини на околу 20 бактериски ензими, споредено со ексклузивно доените бебиња кои почнале да јадат и тврда храна. Ова индицира дека на сцена стапиле некои нови бактериски видови за да помогнат во обработката на новите видови на храна.

Кај бебињата кои биле хранети со адаптирано млеко или комбинирано доење + адаптирано млеко, имало промена кај околу 230 ензими по воведувањето на тврдата храна - што укажува на многу подраматична промена во композицијата на микробиомот.

Во микробиомот на ексклузивно доените бебиња доминирале бактерии од типот Bifidobacterium, кои се сметаат за корисни за дигестијата на храна. Бебињата пак кои биле хранети со адаптирано млеко имале помала количиниа на Bifidobacterium.

Студијата сугериира дека композицијата на микробиомот влијае врз способноста на бебето да ја обработува храната, со потенцијално влијание врз долгорочното здравје.

Thompson вели:

Студијата го унапреди нашето разбирање за тоа како цревниот микробиом се развива уште рано во животот, кој временски период е важен за сегашното и идното здравје.