Што навистина сака да добие вашето бебе за Нова Година и Божик

бебе

Сигурно сте возбудени заради дочекот на првата Нова Година и првиот Божик со вашето бебе, се обидувате да смислите најдобар подарок, истражувате, барате, се распрашувате, разгледувате. Но, еве што навистина сака вашето бебе:

Сите лампиони и украси од елката

Сигурно приметивте како вашето мало бебе гледа заинтересирано во украсената елка. Ако бебето е малку постаро, сигурно дека се обидува да ја повлече елката и да ја фрли долу. Немојте да мислите дека бебето не забележало како сомнително сте ги ставиле сите лампиони надвор од неговиот дофат. Она што тоа навистина сака се сите лампиони од елката, особено оние поскапите, кои имаат голема сентиментална вредност за вас.

Целата хартија за пакување на подароците

Кога ќе се отворат подароците, ја земате хартијата, ја туткате заедно со машничките и сличните украси и ја фрлате во корпа. Што се однесува пак до бебето, тоа се што сака за да има најубав Божик се наоѓа во таа згмечена топка хартија. Дајте му на бебето неколку шарени, хартиени кеси за подароци и тоа сигурно ќе биде најубавиот подарок кој некогаш го добило.

Кутија. Не, туку две кутии

Ја знаете старата шега дека децата поминуваат повеќе време играјки си со кутијата, отколку со играчката. Заборавете на играчката. Без разлика што е таа, никогаш нема да може да го достигне воодушевувањето и чудесноста на пакувањето, во кое дошла. Ако бебето може да седи во кутијата, а во исто време да држи друга кутија, веројатно тоа ќе биде доживотна љубов.

Клучевите од куќата

Немојте ни да помислите да му ги подметнете на бебето оние пластични клучеви во дречливи бои, кои можете да ги најдете во продавниците за детски играчки. Бебето ги сака..., не, туку на бебето му се потребни вашите клучеви. Тие мора да ви припаѓаат вам и мора да се вашиот единствен комплет клучеви од дома.

Скапа глодалка

Не обична глодалка, туку онаква која се вика исто како вашиот смартфон.

Далечински управувач

Златниот грал на бебињата, им овозможува навистина добро да го нагодат на непцата - пред вие воопшто да забележите дека го нема. Од денот кога се роди, вашето бебе забележува колку вие му се радувате на далечинскиот управувач, па сака да има свој сопствен. Добро де, го сака токму вашиот.

Празно ормарче во кујната

Можеби не сте приметиле, затоа што сте опседнати со достигнувањата на вашето бебе, како лазење и зборување, но вашето бебе работи на нешто што е многу возбудливо. Со месеци вежба и прилично е блиску, но сеуште не е дојдено до целта, бидејки вие го прекинувате. Се што тоа сака е да седи пред празно ормарче во кујната, додека околу него ѕвечкаат вашите омилени садови и порцелан.

Крај на автоседиштата

Она што вашето бебе сака е ветување од Дедо Мраз дека никогаш повеќе нема да мора да седне во автоседиште. Се сеќавате на врисоците секогаш кога се обидувате да го ставите и врзете бебето во автоседиште? Тоа всушност вика по Дедо Мраз, се до Северниот пол, молејки да му ја исполни новогодишната желба. Со тие силни бели дробови, немојте ни да помислите дека Дедо Мраз не го слушнал неговиот повик.

Вашата коса

За несреќа, тоа не го мисли во смисла на: да ја наследи вашата убава, густа, долга коса, а не малку ќелавата глава на тато. Бебето ја сака буквално вашата коса, онаа која е поврзана за вашата глава. Сака да ја кубе, додека не ги наполни рацете со влакна, додека седи на вашето колено, но особено додека спиете. Всушност, веројатно сака тоа да биде вашиот нов будилник.