Брекстон Хиксови контракции
Што се Брекстон Хиксовите контракции
Брекстон Хиксовите контракции се повремени контракции, односно стегање на мускулите на матката, кои започнуваат околу шестата или седмата седмица од бременоста, но ќе помине уште доста време додека вие да можете да ги почувствувате. Повеќето жени Брекстон Хикосвите контракции почнуваат да ги чувствуваат во второто или третото тромесечие, а некои не ги чувствуваат воопшто. Ако не ги чувствувате нема никаква причина за загриженост. Многу жени порано ги чувствуваат во следните, отколку во првата бременост. Името го добиле по лекарот Брекстон Хикс кој ги опишал во 1872 год.
Брекстон Хиксовите контракции се смета дека се дел од подготовката на телото за породување, ја спремаат матката да биде во добра кондиција за породувањето, а пред крајот на бременоста можат да придонесат за омекнување и истенчување на цервиксот. Некои лекари сметаат дека помагаат и да се зголеми протокот на крв во плацентата.
Овие контракции се нередовни, не се појавуваат во одредени временски интервали и не се болни. Како напредува бременоста така ќе стануваат почести. Во последните седмици од бременоста можат да станат посилни и понепријатни, па понекогаш можат да се помешаат со породилните контракции. Како што расте матката, така контракциите се позабележителни.
Ако ја ставите раката на стомакот ќе можете да почувствувате колку цврста станува матктата за време на контракциите. Затегнатоста најчесто трае околу 30-60 секунди или до 2 минути, а можат да се јават 2-3 пати во еден час или неколку пати во текот на денот.
Можат да се опишат како:
- Со нередовен интензитет
- Во нередовни интервали
- Непредвидливи се
- Не се зголемуваат по интензитет или зачестеност
- Се јавуваат ненадејно и потоа ги снемува
Ако контракциите можете да ги смирите на некој начин, веројатно се работи за Брекстон Хиксови контракции.
Што може да ги потикне Брекстон Хиксовите контракции
- Вашата активност или активноста на бебето
- Ако некој го допре вашиот стомак
- Сексот
- Дехидратација
- Полн мочен меур
Разлика помеѓу Брекстон Хикосовите контракции и породилните
Брекстон Хиксови контракции | Породилни контракции |
|
|
Генерално земено породилните контракции: не престануваат, се јавуваат во редовни и се помали временски интервали, стануваат се посилни и поболни.
Како да ги смирите Брекстон Хиксовите контракции
Како што се наближува времето на породувањето, Брекстон Хиксовите контракци можат да станат посилни и почести. Често пати се случува жената да ги помеша со вистинските контракции. Ова е познато како лажни породилни болки. Ако контракциите станат непријатни, постојат неколку работи со кои ќе можете да ги смирите:
- Променете ја положбата во која се наоѓате. Ако лежите или седите, прошетајте. Ако пак стоите, легнете. Промената на положбата најчесто ги смирува.
- Топлата бања има смирувачки ефект.
- Понекогаш можат да се јават заради притисокот од полниот мочен меур. Во таков случат може да помогне мокрењето.
- Напијте се 1-2 чаши вода. Понекогаш се јавуваат заради дехидратација на телото.
- Напијте се чаша топло млеко или чај.
- Обидете се да се опуштите. Ова е добра прилилка за вежбање на дишењето и техниките на опуштање.
Ако ништо од ова не ви помогне за да се намалат контракциите, јавете се кај вашиот лекар.
Кога да се јавите на лекар
Ако имате контракции, пропратени со други знаци на предвремено породување, веднаш јавете се на лекар. Најдобро е да не ја поставувате дијагнозата сами.
Ако сеуште немате наполнето 37 седмици од бременоста јавете се на лекар ако:
- Имате повеќе од 4 контракции во еден час, болка во стомакот или грчеви слични на менструалните.
- Приметите крварење или воденикав исцедок.
- Ако имате болка во долниот дел од грбот или грчеви.
- Ако чувствувате притисок на пелвисот, како бебето да бутка надолу.
После 37-та седмица, јавете се на лекар ако:
- Мислите дека движењата на бебето се успорени.
- Имате крварење.
- Водењакот ви е пукнат.