Триесет и втора седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Мајката:
Од оваа недела вашите редовни контроли кај гинекологот веројатно ќе зачестат. Врвот на вашата матка е околу 15 см над Вашиот папок, па притисокот врз белите дробови, ребрата и другите органи е доста голем. Тоа значи се уште: киселини, подуеност, плитко дишење, зачестено мокрење, отеченост ит.н.
Појачаното бело прање или така наречено леукореја е присутно и нормално во текот на целата бременост. Сепак како што се приближува денот на породувањето, уште повеќе се појачува и вагиналниот секрет.
Брекстон-Хиксовите контракции исто така може да стануваат се посилни.
Совет: Обидете се што повеќе да си ги олесните неугодносите. Пијте доста вода, шетајте. За ублажување на болките може многу да помогне топла бања. Сепак внимавајте водата да не биде прежешка.
Распрашајте го вашиот лекар за се што Ве интересира во врска со породувањето.
Внимавајте на знаците на преeклампсија. Отоците на нозете, глуждовите и дланките се нормална појава во текот на бременоста, но доколку се појави нагло отекување (особено на лицето), силна главоболка, гадење или повраќање.. време е под итно да заминете на лекар.
Бебето:
Вашето бебе интезивно качува на тежина.
Веројатно во следните 8 недели неговата тежина ќе се дуплира.
Тоа сега е многу активно. Мрда, клоца, гледа наоколу, трепка, слуша се што се случува во околината, прави гримаси и го вежба дишењето (иако тоа го прави со плодовата вода, а не со воздух).
Просечната должина на бебето сега е околу 42,5 см, а просечната тежина околу 1700 грама.
Таткото:
Седнете и размислте за сите работи што се уште не сте ги направиле, а треба да се направат пред да се роди бебето. Времето е кратко. Ќе помине побрзо отколку што очекувате.
Разговарајте со мајката за се што треба да се подготви и организира за неговото доаѓање.
Вашите масажи сеуште се од непроценлива вредност за мајката. Обидете се да ја утешите и да и помогнете да се опушти.
Бебе во 32-та седмица на бременост