Пасивното пушење го зголемува ризикот за спонтан абортус

Нова студија покажа дека има поврзаност помеѓу пасивното пушење и губење на бременоста, односно пасивното пушење го зголемува ризикот за спонтан абортус, прерано раѓање на бебето, како и вонматерична бременост.

Др. Andrew Hyland, водач на студијата вели:

Оваа студија покажа дека исходот на бременоста е поврзан со пасивното пушење. Значајно е тоа што жените кои никогаш не пушеле, а се изложени на дим од цигари имаат поголем ризик за губење на плодот.

Претходно имавме докази дека пушењето е поврзано со негативен исход на бременоста (спонтан абортус, предвремено раѓање - пред 20 гестациска недела и вонматерична бременост), но недостигаа докази за пасивното пушење. Оваа студија е значајна заради 2 работи: Прво затоа што ја зема во обзир животната изложеност на дим, а не само пасивното пушење за време на бременоста или во репродуктивните години, земајки ја во обзир изложеноста во детството и возрасните години. Второ, споредбената група на жени е составена од жени, кои никогаш не пушеле и немале изложеност на дим од втора рака - обезбедувајки поверодостојна контролна група, во споредба со претходните студии.

Студијата опфатила 80,762 жени.

Жените кои имале највисока изложеност на пасивно пушење и покрај тоа што никогаш не пушеле самите, имале значително поголем ризик за негативен исход на бременоста.

Студијата ни дава нови информации во поглед на влијанието на долгорочната изложеност на пасивно пушење кај жените и нивната способност за успешна бременост, вели Др. Хајланд.