Идниот татко исто така доживува хормонални промени

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Петок, 19/12/2014 - 12:19
идни родители

Идните мајки доживаат значителни промени во хормоните, за време на транзицијата кон родителство, но досега малку се знаеше за хормоналните промени кај идните татковци.

Претходни студии покажаа дека хормоните кај мажите се менуваат откако ќе станат татковци, новата студија покажа дека тоа се случува уште порано, во транзицијата кон татковството.

Татковците за веме на бременоста на мајката можат да доживеат пад на два хормона: тестостерон и естрадиол, покажува студијата на Универзитетот во Мичиген.

Robin Edelstein, водач на студијата и професор по Психологија, вели:

Сеуште не знаеме точно зошто се случува промената кај хормоните. Овие промени можат да бидат функција на психолошките промени, кои ги доживуваат мажите додека се подготвуваат да станат татковци, промена во нивните романтични врски или дури физички промени, кои мажите можат да ги дожиевеат заедно со нивните бремени партнерки.

Во секој случај, хормоналните промени можат да имаат важни импликации во татковското однесување кога ќе се родат бебињата.

Edelstein и колегите ги испитале следните хормони преку плунка: тестостерон, кортизол, естрадиол и прогестерон ка 29 парови, кои требало за прв пат да станат родители. Примерок од плунка им бил земен во:12,20,28 и 36-та недела од бременоста.

Кај трудниците имало поголемо покачување на сите 4 хормони, додека кај мажите се намалилe тестостеронот (кој е поврзан со агресија) и естрадиолот.

Edelstein вели: не е само присуството на бебето тоа што ги предизвикува хормоналните промени кај мажот.

Сепак студијата има еден недостаток, не земале контролна група на мажи, кои не биле во очекување на принова.

Designed by Antsin.com