Колку треба да јаде едно новороденче, на колку време, како да знаете дали му е доволно, колку да го чувате шишето со млеко и итн. се прашања што ја интересираат секоја нова мајка.
Децата имаат тенденција да истражуваат со тоа што предметите ги ставаат во уста, но исто така опасноста од задушување се јавува и заради тоа што тие сеуште не знаат добро да ја соџвакаат и да ја голтнат храната, како и тоа што имаат тесни дишни патишта - кои лесно можат да се блокираат, а воедно не можат силно да искашлаат за да го исфрлат страното тело.
Порано го мразев доењео, го мразев. Не за другите мајки, туку за мене. Моите две први деца, кои сега имаат 11 и 13 години беа хранети со адаптирано млеко и не чувстувам вина или срам заради тоа, ниту треба да ги чувстуваат другите мајки.
Сечењето на нокитете на бебињата често пати е многу стресна ситуација за родителите дури и кога не го прават тоа за прв пат и најчесто тие би му ја препуштиле на некој друг. Меѓутоа, во исто време сечењето на ноките е неопходно.
Познато е дека кај трудниците освен физички промени, исто така се јавуваат и психолошки промени. Стануваат поемотивни и малку позаборавни од вообичано. Научниците тврдат дека тоа се случува со цел, односно мозокот на мајката се подготвува за поврзување со бебето.
Новите истражувања покажуваат дека бебињата не само што го префаќаат стресот на нивната мајка, туку тие исто така покажуваат соодветни физиолошки промени.
Студија на Универзитетот од Саутхемптон покажа дека воведувањето на тврда храна во исхраната на бебето покасно од 17 недела може да го намали ризикот за алергии, исто така ризикот е помал ако паралелено со воведувањето на тврда храна се продолжи со доење.
Многу родители се прашуваат дали е нормално бебето често да ика. Oдговорот е потврден, нормално е. Икањето е особено често во првата година од животот.
Научниците им сугерираат на идните мајки да слушаат музика во која уживаат и приспивни песни. Тие тврдат дека тоа е добро за развој на мозокот на бебињата.
Жените на кои бебињата им се даваат во прегратка веднаш после породувањето, уште во родилната сала, и веднаш им е овозможен контакт кожа со кожа со бебето, имаат поголеми шанси дека успешно ќе го дојат понатаму.