Мачнини во третото тромесечие од бременоста

Првото тромесечие од бременоста е познато по така наречените утрински мачнини. Велиме така наречени, бидејки тие често знаат да трајат и по цел ден. Но, понекогаш мачнините можат да се јават и во третото тромесечие.

Флуктуацијата на хормоните е најголем виновник за мачнините во третото тромесечие (впрочем, како и за оние во првото), а тоа може да трае се до породувањето.

Друга причина за мачнините во трето тромесечие е растот на стомакот. Како што се шири матката таа притиска на околните органи и тој притисок на стомакот може да предизвика чувство на мачнини и гадење, а често пати и киселини. Повеќе за киселините во бременоста и како да си помогнете можете да прочитате тука.

Многу жени мачнините во третото тромесечие ги чувстуваат особено после јадење, бидејки заради стеснетиот простор нема доволно место во желудникот. Може да пробате да јадете повеќе помали оброци, наместо 2-3 поголеми.

Се разбира дека секогаш кога сметате дека е потребно треба да се јавите кај вашиот лекар.

Designed by Antsin.com