Како да одберете чевлички за бебето

чевлички за бебе

Какви чевлички да одберете за вашето бебе? Кога бебето ќе почне да патка, можноста да го чувстува подот под него ќе биде многу важна за може да држи рамнотежа. Најдобро е кога можете да го оставате бебето да оди босо, но сепак во некои ситуации ќе му треба и заштита на нозете. На што да внимавате при изборот на чевли за бебето:

  • Чевлите за бебиња треба да бидат супер меки и да имаат супер мек ѓон. Чевличето треба да можете да го свиткате лесно и во сите насоки.
  • Ѓонот на чевлите за бебиња треба биде мек и да не се лизга, за да се спречи лизгање на бебето.
  • Чевлите за бебиња треба да бидат од лесен материјал, кој може да дише. Најдобро е да бидат изработени од мека кожа или мека ткаенина. Никако не купувајте крути чевлички, кои можат да го спречат развојот на стопалото или онакви во кои кожата нема да може да дише. Стопалата на бебињата често се потат, па материјалот што може да дише е есенцијален.
  • Чевличките треба да бидат комотни. Додека стои бебето помеѓу петата и крајот од чевличката треба да можете да го вовлечете вашиот мал прст, а просторот од крајот на палецот на бебето до почетокот на чевличката да има ширина колку вашиот палец. Ако чевличките се од мека ткаенина, треба да можете да штипнете малку од материјалот на најширокиот дел од стопалото, во спротивно веројатно се тесни. Нозете на бебето растат многу брзо, па не е лошо да правите проверка секој месец, за да се осигурате дека чевлите сеуште му се точни.
  • Проверете дали има проблематични места. Оставете го бебето во чевличките да патка и нормално да се движи, а потоа соблечете го и внимателно проверете дали има црвени или иритирани места на стопалото. Ако има, чевлите не се добри.
  • Чевлите со лепенка ќе можете да му ги облекувате многу полесно отколку оние со врвци. Маана на лепенките е што самото бебе може многу лесно да ги соблекува, ако реши тоа да го претвори во игра.