Бебе

Лазење кај бебињата

Лазењето е еден од големите чекори на бебешкиот пат до независност. Кога ќе го совлада лазењето, бебето може да го истражува светот околу себе, без да се потпира на тоа дека некој друг треба да го земе во раце.

Лазење до градата, иницирање на рано доење

Секое новороденче кога ќе се стави на стомакот на мајката веднаш по раѓањето, има способност само од себе да ја најде градата и да одлучи кога ќе се случи првото доење. За најголемиот број на бебиња тоа се случува помеѓу 30 и 60 минути.

Бебешки акни

Бебешките акни се чест кожен проблем кај бебињата. Некои бебиња можат да се родат со нив, но најчесто се јавуваат околу третата недела по раѓањето.

Родителски совети за кои ќе ви биде мило што сте ги слушнале

мајка и бебе

Бременоста и раното родителство често пати се време кога сите ве опсипуваат со небарани совети, но некои од нив сепак ќе ви бидат потребни кога ќе се соочите со предизвиците и радостите на захтевните бебиња и дечиња. Еве неколку практични совети, кои ќе ви бидат добрододени.

Знаци дека бебето е гладно

Секоја мајка сака да знае кога нејзиното бебе е гладно и да биде сигурна дека е нахрането и задоволно. Бебињата не можат вербално да кажат дека се гладни, но затоа пак даваат знаци што ќе ви покажат дека треба да ги нахраните.

Мотивацијата на мајките кои дојат поголеми бебиња

Мајките кои одлучуваат да ги дојат нивните деца и откако ќе наполнат една година сметаат дека здравјето и социјалниот развој на нивните деца е најважен, додека советите на здравствените професионалци, семејството и пријателите се помалку важни.

Временска линија на првиот час по раѓањето на новороденчињата

Научници од Шведска внимателно набјудувале и снимале видеа со 28 бебиња за време на првиот час по раѓањето. Она што го виделе им дало дотогаш невиден поглед на инстиктивното однесување на новороденчињата, кога биле оставени на нивното природно однесување и природна средина: на мајчините гради, во контакт кожа со кожа.

Лежење на меше: кога, колку и како да го охрабрите бебето да минува време на меше

Поминатото време на стомак е многу важно за бебето. Со лежење на стомак бебето учи и се спрема за понатамошните постигнувања: да се крене, да се преврти, да седне, да лази, па на крај и да застане.

Бебе старо еден ден во базен со таткото инструктор

Иако е толку мал и можел да ги држи отворени очите само неколку минути, Феникс уживал во базенот и покажал забележителна самодоверба. Неговиот татко е инструктор по пливање за бебиња во школата Водени бебиња

Што сака бебето да знаете кога плаче

Противно на тоа што можеби ќе ви кажат, но бебето не плаче туку така, ниту се обидува да ве манипулира.

Pages

Designed by Antsin.com