Познато е дека кај трудниците освен физички промени, исто така се јавуваат и психолошки промени. Стануваат поемотивни и малку позаборавни од вообичано. Научниците тврдат дека тоа се случува со цел, односно мозокот на мајката се подготвува за поврзување со бебето.
Новите истражувања покажуваат дека бебињата не само што го префаќаат стресот на нивната мајка, туку тие исто така покажуваат соодветни физиолошки промени.
Студија на Универзитетот од Саутхемптон покажа дека воведувањето на тврда храна во исхраната на бебето покасно од 17 недела може да го намали ризикот за алергии, исто така ризикот е помал ако паралелено со воведувањето на тврда храна се продолжи со доење.
Многу родители се прашуваат дали е нормално бебето често да ика. Oдговорот е потврден, нормално е. Икањето е особено често во првата година од животот.
Научниците им сугерираат на идните мајки да слушаат музика во која уживаат и приспивни песни. Тие тврдат дека тоа е добро за развој на мозокот на бебињата.
Жените на кои бебињата им се даваат во прегратка веднаш после породувањето, уште во родилната сала, и веднаш им е овозможен контакт кожа со кожа со бебето, имаат поголеми шанси дека успешно ќе го дојат понатаму.
Долго време се знае дека за време на бременоста плацентата овозможува двонасочно движење на имуни клетки помеѓу мајката и фетусот. Некои од разменетите клетки се способни да формираат линии кои се активни барем половина столетие по раѓањето.
Перцентилите покажуваат колку проценти од бебињата на иста возраст имаат помала тежина од вашето бебе (или висина или обем на глава, во зависност на што се однесуваат перцентилите).