Фетални клетки остануваат да живеат и го чуваат здравјето на мајките со децении после бременоста

Се вели дека мајката го носи бебето 9 месеци под срцето, а цел живот во него, но таа всушност и буквално и децении после породувањето може да носи клетки од бебето во срцето или во другите органи.
Студиите покажуваат дека кај 40-70% од испитаните жени останале фетални клетки после бременоста. Но не се мајките единствените кои добиваат овакви сувенири, понекогаш и бебињата носат во себе клетки од мајката или пак од близнакот.
Сепак феталните клетки се многу повеќе од сувенири. Постојат докази дека тие и помагаат на мајката да закрепне после повреди, како на пример после мозочен или срцев удар.
Louise McCullough, директор на истражувањето на мозочни удари, на Универзитетот во Конектикат, со колегите откриле дека феталните клетки делуваат како матичните клетки, односно се екстремно флексибилни и можат да помогнат во зголемувањето на бројот на низа специфични клеточни типови.
Таа проучила фетални клетки кај мајка глушец, која имала мозочен удар. Феталните клетки се собрале во областа на мозокот, каде се случил ударот. Во рок од 72 часа феталните клетки биле собрани на местото, кое било оштетено од ударот. Овие клетки не само што биле присутни таму, туку тие почнале да се делат и да го зголемуваат бројот на клетките кои ги обложуваат ѕидовите на крвните садови, обидувајки се да изградат нови крвни садови и да го обноват ткивото.
Научниците веќе имаат согледано слични случаи кај глувци со срцеви удари. Најдобро закрепнувале глувците, кои имале фетални клетки во нивното срцево ткиво. Во студија кај луѓе научниците имаат откриено како мајчини клетки работат кај дете со дијабетес, обидувајки се да ги поправат клетките, кои произведуваат инсулин.
McCullough вели дека феталните клетки можат да се променат во било кој тип на специфични клетки, кои се потребни. На пример, феталните клетки кај мајка со оштетување на црниот дроб можат да се трансформираат во ткиво на црн дроб.
Научниците сеуште ја проучуваат улогата на феталните клетки кај други болести, како ракот. Некои истражувања сугерираат дека феталните клетки можат да помогнат во спречувањето на рак, а други студии сугерираат дека мајките кои не успеале да задржат од фаталните клеки се посклони кон рак.