Епи но

Social Buttons

Епи но

Епи но е апарат дизајниран од тим на доктори и инженери во Германија во 1999г. Апаратот е направен со цел да помогне да се намали шансата за потреба од епизотомија или раскинување на перинеумот. Во повеќе студии клинички е докажана неговата ефикасност.

epino - ne epizotomija

Се состои од балон, кој се става во влезот на вагината и полека се пумпа, до точка на растегање и удобност. Потоа се опуштаат мускулите на вагината и се истиснува балонот полека да излезе. Тоа ја припрема мајката за чувството кое ќе го има кога ќе се раѓа бебето. Со секојдневна употреба ткивото станува се поеластично и балонот ќе можете да го пумпате се повеќе.

Епи но се употребува од 36-тата седмица на бременоста. Може да се употребува во комбинација со перинеалната масажа.

Резултати од користење на Епи но

Во студија во Австралија, објавена во "Австралиското и Новозеландското списание за акушерство и гинекологија" добиени се следните резултати: епизотомија кај жените кои користеле епи но во период од 14 дена помеѓу 37-та седмица од бременоста и породувањето била направена кај 26%, а во контролната група кај 34% од жените. До спонтано раскинување пак дошло кај 28% од жените кои користеле епи но, во споредба со 49% кај оние во контролната група. Жените го користеле епи но секој ден во тек на 14 дена, по 15 минути. Требало да го напумпаат балонот, барем додека не стане тврд, а потоа со вагиналните мускули да се обидат така напумпан да го истиснат и повторно да ја повторат вежбата.

Во студија направена од "Одделот за акушерство и гинекологија" на техничкиот универзитет во Минхен - Германија резултатите исто покажале голема разлика во % на епизотомии. Епизотомија била направена кај 49% од жените кои користеле епи но, во споредба со 82% кај оние кои не го користеле. До спонтано раскинување на перинеумот пак дошло кај 2% од жените кои користеле епи но, во споредба со 4% кај оние кои не користеле. Кај жените кои го користеле епи но имало 49% без никакво оштетување на перинеумот (ниту епизотомија, ниту раскинување), а во контролната група само 9%.

Студијата уште покажала дека жените кои го користеле епи но имале пократка втора фаза од породувањето, а APGAR оценката на бебињата била повисока во споредба со оценката кај другите бебиња.

slika na epinoslika na epino

Designed by Antsin.com