Бебињата се проѕеваат уште во стомакот на мајката

Social Buttons

Британска докторка направила восхитувачка јасна 4Д слика на бебе, кое се проѕева во матката. Животот на бебињата во стомакот на мајката се покажува дека е многу покомплексен, од она што се веруваше пред напредокот на ултразвучната технологија. Се чини како неродените бебиња да имаат свој таен универзум, во чии тајни науката тек треба да проникне. Нивните уникатни личности се развиваат толку мистериозно и забрзано уште од самиот момент на зачнувањето.

Во минатото научиниците не можеа точно да утврдат дали неродените бебиња само ја отвораат устата или вистински се проѕеваат. Со сега Др. Nadja Reissland, од Универзитетот во Дурам, со помош на подетална ултразвучна техника успела да добие слики од лицето на бебињата, од кои јасно може да се направи разлика помеѓу отворање на устата и проѕевање. Таа вели:

Се чини дека бебињата во стомакот широко ја отвораат устата многу поретко, отколку што се проѕеваат.

Таа со колегите открила дека проѕевањето е често на 24 недели од бременоста, но потоа се намалува и на 36 недели веќе паѓа на нула. Др. Reissland верува дека проѕевањето на некој начин помага во потикнување на созревањето на мозокот, делувајки како еден вид на само-стимулација.

Таа уште додава:

Можеби проѕевањето е нешто што ви е потребно за да имате функионален мозок, што е хипотеза.

Таа уште сака да го спореди проѕевањето кај здравите бебиња - како оние кои ги испитувала и она кај бебињата со медицински состојби.

Designed by Antsin.com