Отворено писмо до мојот сопруг од моите труднички хормони

Social Buttons

пица

Драг сопругу,

Отсекогаш верував дека треба да превземеме одговорност за нашите дела. Тогаш останав бремена со твоето бебе. Сега повеќе не знам што да верувам.

Знам дека имаше моменти кога не си бев на себе си, за време на оваа бременост. Можеби ги примети суптилните промени во моето расположение (суптилни како кога ќе те удри палка по сред лице). Можеби беше заслепен, навреден или исплашен. Само сакам да знаеш дека моите труднички хормони ме натераа на тоа, не можам да бидам сметана како одговорна. Дозволи ми да објаснам.

Трудничките хормони се како алтер его, кое се појавува кога работите ќе згуснат, како кога нашето WI-FI ќе се успори. Тоа ми вели: "Застани настрана, душо. Имаме две опции. Можеме да го рестартираме модемот или да ги загубиме умовите. Јас предлагам да ги загубиме проклетите умови. Следи ме - Ќе почнам со фрлање на твојот IPad."

Кога за прв пат моето алтер его (ја викам Тина, чувстувај се слободен и ти така да и се обраќаш) ме вовлече во кавга со тебе, приметив дека на почетокот ти се расправаше како да се расправаш со мене, а не со Тина. Голема грешка, но ова е ново за двајцата, па е разбирливо. Во еден миг ти текна дека нешто не е во ред. Веројатно откри дека сум превземена од нешто кога прснав во солзи и реков: ... и ти тогаш го изеде последното парче пица, без да ме прашаш прво!

Настрана од ова, јадењето на последното парче пица, без да објавиш беше навистина сурово. Претпоставувам дека и ти и Тина имате своја вина.

Гледај, трудничките хормони се нешто како ПМС, освен што Тина има посирова страст со: Никогаш не се откажувај, никогаш не се предавај! борбениот дух. Некој, некогаш ми рече дека навалата на хормони кај жената не е знак дека е луда или ирационална, туку дека ги губи филтрите, кои често се присутни за да го одржуваат мирот. Оваа нефилтрирана реалност е всушност вредност за која треба да размислиш. Всушност, некои Индијански племиња ги почитувале хормоналните, менструалнии жени и барале од нив совети, увиди и водство.

Со други зборови, кога сум хормонална или надвор од контрола, всушност јас сум духовен гениј. Те молам сети се на ова следниот пат.

Во секој случај, Тина е нова за двајцата нас, така да во ова сме заедно. Таа не само што се појавува од ведро небо и прави хаос, туку има обичај да се појави и кога се чувстувам омаловажена или ако некоја ситуација е фрустрирачка.

Последниот пат кога таа примети дека си играш со нерв, наеднаш се појави и рече: "Има ли тука проблем?"

Не сум сигурна што можеби кажала после тоа, бидејки бев во хормонална гужва. Се што знам е дека морав да ти се извинам заради Тина, откако преминав преку се. И под "преминав преку се" подразбирам дека заборавив зошто воопшто бев гневна.

Потоа имаше и други времиња кога Тина интервенираше. Како оној пат кога ги перев сите крпи и приметив дека ти штотуку излезе облечен после туширање. Те прашав збунето: "Со што се избриша? Сите крпи се во пералната."

Тогаш, ти неочекувано (сол на рана) рече: "Ја употребив твојата наметка"

Мојата наметка. Мојата мека, сакана наметка, но таа е моја, таа е мека, лична е и моја е!

Тогаш настапи Тина, а Тина не си игра. "Те молам кажи ми дека не ја употреби мојата наметка"

"Да, што е проблемот?"

"Што е проблемот?! Тоа е мојата лична наметка, со која си ги истрил твоите гениталии! Си можел и да ја изгориш. Уништена е. УНИШТЕНА!"

"Што ако се избришав со неа, јас бев целосно чист." Можев да видам дека беше збунет, веројатно од твојата сопствена себичност. Дефинитивно не можеш со Тина.

"Ја користам мојата наметка за да си го исушам моето лице. МОЕТО ЛИЦЕ! Ти ја претвори мојата наметка во крпа за задник, која ја користам за моето лице!" Тогаш Тина ги зема работите во свои раце, ја грабна мократа крпа од пералната, ја фрли пред твоите нозе и рече: "Следниот пат, употреби една од овие!" И истрча од просторијата.

Кратко после тоа, јас влегов и ги ставив сите крпи во сушалната. Знам дека Тина се обиде да ти обасни нешто, но се грижев дека ќе фатат мувла.

Потоа се разбира, оној пат кога речиси ќе ме убиеше. Додека пазаравме во Таргет, ти постојано зборуваше колку ти се развиле заштитничките инстикти и дека сакаш да ги скршиш будалите, кои можеа да бидат опасност за мене, како оној тинејџер, кој речиси ме удри со количката. Потоа, кога ја напуштавме продавницата, наместо да ми помогнеш и безбедно да ме преведеш преку раскрсницата, ти одлета на другата страна, оставајќи ме да се тетеравам пред тебе, ранлива за разуларените купувачи. Тина веднаш стаса. Се што ти можеше да речеш беше: Жал ми е мила, твоето тетеравење е неверојатно споро, тешко ми е да запомнам дека не можеш да одиш побрзо.

"Ооо не" Ми рече Тина. "Девојко, причувај ми ги наушниците"

Човекот што штотуку тврдеше дека има очајна потреба да ме заштити мене и неговото неродено дете, само што претрча преку улица, спасувајки си го сопствениот задник и ме остави да умрам. Тина остана без зборови. Добро де, додека не влезе во колата и тогаш не можеше да запре околу тоа колку беше вчудоневидена, компетирано со гестови и нагласоци.

Да бидам искрена, после некое време и јас сакав таа да заќути, но се плашам од неа, па само ја оставив да го направи нејзиното.

Веројатно има уште примери кои можам да ги споделам, но не сакам да живееме во минатото. Само сакав малку да ти објаснам некои работи и да се извинам во име на Тина. Таа има добри намери, само сака да ме заштити додека во исто време прави да се чувстувам како да сум го загубила умот. Заради некоја причина ова е нормален дел од создравањето на ново човечко суштество. Не го доведувам тоа во прашање, само се држам и чекам да помине бурата.

Да се знае, ти беше прекрасен, добар, трпелив и полн со љубов. Можам да видам дека мислиш дека сум толку убава (веројатно бидејки никогаш не замолкуваш околу тоа) дури и кога се чувстувам како кит, насукан на плажа, во трудничките хеланки. Освен оној пат кога во основа ме остави беспомошна на сред сообраќај, ти си мојот херој. Нема друг маж, со кого јас и Тина повеќе би сакале да бидеме. Те сакаме.

И неа и е жал.

Од Anna Lind Thomas

Designed by Antsin.com