Бременост

Хормонот на стрес во бременоста влијае врз интелектуалниот развој на бебето

Испитувањето објавено во списанието Биолошка Психијатрија (Biological Psychiatry) покажа дека изложеноста на фетусот на високи концентрации на хормонот на стрес е гласник за послаб развој на мисловните процеси кај бебето, но дека овие штетни последици може да се поништат, ако мајките им обезбедат на овие бебиња чувствителна љубов и близина по раѓањето и во детството.

Исхраната во бременоста

Важноста на исхраната за здрава бременост

Дали знаете дека она што го јадете додека сте бремени, може да се одрази на вашето здравје и на здравјето на вашето бебе и во текот на наредните години?

Ако досега не внимававте на тоа вашата исхрана да биде здрава, сега кога сте бремени е крајно време да почнете. Запомнете дека вашето бебе нема друг извор на храна, освен она што доаѓа преку вас.

Вашите оброци треба да бидат составени од разновидна храна, која ќе вклучува:

Абортус

Факти за развојот на бебето во бременоста

Животот започнува во моментот на неговото зачнување.

Во човечкиот живот никогаш не се случуваат толку брзи и големи промени, колку во првите 9 месеци пред раѓањето.

Четириесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Честитки. Го поминавте целиот труднички пат во оваа бременост.

Триесет и деветта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Како што поминува времето, веројатно сте се понестрпливи. Не се грижете, бебето ќе излезе кога тоа ќе биде спремно.

Совет: Научете што повеќе околу правилната техника на доење и она што ќе ве очекува во првите денови од пристигнувањето на бебето.

Иако ова се денови на исчекување, сепак обидете се да се опуштите и да не мислите цело време на тоа.

Триесет и осма седмица од бременоста

Што се случува оваа недела од бременоста?

Мајката:

Мукозниот чеп, кој што ја затвора матката може да се растопи постепено или да падне одеднаш. Неговото паѓање сепак не значи дека породувањето ќе почне веднаш. Но е добар знак дека треба да бидете во исчекување, за да ги препознаете вистинските болки кога ќе се јават.

Како што се ближи породувањето, грлото на матката се истанчува, па може да приметите и мало крварење или розикава течност измешана со белиот исцедок.

Триесет и седма седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Како што се приближува денот на породувањето, вагиналниот исцедок може да стане уште пообилен. Тоа може да се случи и затоа што пред почетокот на породувањето почнува да се раствара мукозниот чеп. Мукозниот чеп всушност е тој, кој што ја чуваше матката запечатена и ја штитеше од инфекции за време на целата бременост.

Ако вашето бебе се роди кон крајот на неделава, тоа нема да се смета за предвремено раѓање.

Триесет и шеста седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Имате уште само еден месец, плус или минус неколку дена. Всушност многу мал број породувања се случуваат точно на одредениот термин. Повеќето ќе се случат неколку дена порано или покасно.

Триесет и петта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Несоницата во овој дел од бременоста е придружник на поголемиот број жени. Несоницата ја создаваат не само физичките неугодности, како честото мокрење и болките, туку и вашите грижи околу сето она што ве очекува.

Досега сите органи во вашето торзо беа притискани и гмечени. Сега и вашето срце ќе биде поместено малку нагоре и налево. Голем дел од вашата крв циркулира низ стомакот, па тоа е причина и за вртоглавиците кои можеби ги чувствувате.

Триесет и четврта седмица од бременоста

ШТО СЕ СЛУЧУВА?

Мајката:

Вашето тело се повеќе и повеќе се подготвува за породувањето. Можете да приметите како контракциите се засилуваат. Сепак овие контракции најчесто не се ритмички како породилните и се безболни. Тоа ни од далеку не значи дека другите болки што ги чувствувате, ќе исчезнат до крајот на бременоста.

Pages

Designed by Antsin.com