Добредојдовте во второто тромесечие. Ова е време за славење, го пребродивте првото тромесечие.
Сега е обично делот од бременоста, во кој најмногу можете да уживате. Повеќето од непријатните симптоми на раната брменост веќе ги нема или наскоро ќе ги нема. Мачнините ги нема, иако уморот е се уште присутен и ќе се задржи до крај на бременоста.
Мачнините често отстапуваат место на зголемен апетит.
Вие веројатно ќе почнете да се чувствувате подобро. Некаде оваа седмица, заради растот, вашата матка ќе се помести понапред и погоре. Ова ќе направи притисокот на бешиката да се намали. Ползата од тоа ќе биде што вашите посети на тоалетот ќе станат поретки. Ова ќе трае се до (околу) третото тромесечие. Во третото тромесечие заради зголемувањето, матката повторно ќе почне да притиска на бешиката.
Вашиот стомак расте, особено ако ова не Ви е прва бременост.
Што се случува во оваа недела на вашата бременост?
Што се случува во оваа недела со мајката:
Се приближувате при крај на првото тромесечие. Тоа значи дека симптомите на мачнина и премор веќе ќе почнат да се повлекуваат. Сепак тоа не значи дека повеќе нема да ви смета некој појак мирис.
Уморот се уште е присутен. Од оваа недела можеби утринските мачнини ќе почнат да се намалуваат или тоа ќе се случи во следните неколку седмици. За сметка на тоа промените на расположението стануваат поинтензивни. Така ќе продолжи и во следните неколку месеци. Вашето расположение се менува од минута во минута. За неколку минути може да се смени од смеа во плач и повторно во смеа. Не се грижете, за тоа се одговорни хормоните во вашето тело.
Стомакот може да почне да се познава. Сепак она што е најзабележително, е промената на големината на вашите гради. Најверојатно сега носите 1 или 2 броја поголем градник.
Мачнините и исцрпеноста се уште се тука. Можеби често ви се затнува или ви крвари носот, но и тоа е нормална појава во бременоста. Можна е и појава на киселини и проблеми со варењето на храната, додека вашето тело се привикнува на трудничките хормони.
Што се случува во оваа недела од вашата бременост?
Мајката:
Оваа седмица веројатно вашите утрински мачнини ќе станат поинтезивни. Тоа се случува како резултат на зголеменото присуство на хормони. Запомнете дека иако се викаат утрински, мачнините можат да се јават во било кое време во текот на денот.
Во овој период од бременоста, често пати се јавува интезивен умор, поспаност и исцрпеност. Тоа е совршено нормално.
Исто така може да се јави силна желба за одреден вид на храна, како и голема одбивност кон други прехрамбени продукти.
Искрени честитки. Веројатно веќе добивте позитивен резултат на Вашиот тест за бременост и сте свесни дека во Вашата утроба веќе се случува чудото на животот. Можеби сте најсреќната жена на светот, можеби се уште сте збунети, сето тоа е нормално во овој период.
Многу од симптомите што ги чувствувавте претходната седмица, продолжуваат и понатаму. Ова е време кога почнувваат и типичните симптоми за бременост:
Умор и поспаност, како резултат на промените, на кои телото се обидува да се приспособи.
Да обезбедиме квалитетни и современи информации за здрава бременост, бебе, дете, родителство, за здраво семејство.
Верував и бев упорна и истрајна и вредеше
Читајќи по форумите и пребарувајќи по темите за ризични и проблематични бремености, во надеж дека барем некому ќе помогне вакво искуство, сакам да го споделам и моето искуство и проблемите со кои се соочив во претходните месеци. Повеќе...