Спиењето во бременоста е една од работите кои можат да бидат проблематични. За тоа може да има повеќе причини: мачнини, киселини, болки во грбот, грчеви во нозете, плиток здив, потешкотија да пронајдете удобна позиција како што ќе расте стомакот, честа посета на бањата, грижите околу бременоста, породувањето итн.
Околу половина од бремените жени се жалат на крварење, отеченост, чувствителност или болка во непцата. Воспалението на непцата (гингивитис) во бременоста се јавува како резултат на зголеменото количество прогестерон и зголеменото циркулирање на крвта низ телото. Состојбата најчесто се влошува во второто тромесечие.
Кандидата е многу чест проблем во бременоста. Тоа е инфекција предизвикана од микро организмот Candida albicans. Кандидата е природен жител на вагината и цревниот тракт, но кога ќе се размножи во претерано голем број и почнува да ги надминува другите полезни микро организми станува проблем.
Тоа што сте бремени во никој случај не значи дека не можете да бидете убаво облечени. Со малку планирање можете да изгледате убаво и без да потрошите цело богатство.
Она што е заедничко за речиси сите трудици е тоа дека при крајот на првото тромесечие старата облека веќе станува тесна. Наместо да се впуштите во импулсивно купување на нова облека добро е прво да размислите што сакате да носите, што ви е потребно и да направите список на работи кои ќе треба да ги набавите.
Истражувачи од Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија открија дека децата на мајките кои за време на бременоста и после неа земале додаток на пробиотици во исхраната, имале речиси двојно помали шанси да добијат егзема.
Бременоста е еднo од најубавите случувања во животот, но со себе може да донесе и некои непријатности.
Тоа не е чудно кога ќе се земат во предвид сите промени што ги претрпува телото за еден краток временски период. Не се грижете, повеќето од нормалните непријатности се знак дека се во ред и дека вашето бебе расте и напредува.
Досега повеќе студии покажаа дека татковците кои се активно вклучени во одгледувањето на нивните деца можат значително да придонесат за раниот развој на нивните деца, академските постигнувања и нивната добросостојба. Сега една нова студија на Универзитетот на Јужна Флорида покажа дека вклученоста на таткото пред раѓањето на детето може да игра многу важна улога во спречувањето на смртта кај детето во текот на првата година од животот.
Децата чии мајки во текот на бременоста имале зголемено ниво на шеќер во крвта имаат поголеми шанси за намалена чувствителност на инсулин, а тоа е ризичен фактор за појава на дијабетес тип 2. Paula Chandler-Laney - коавтор на студијата (постдокторант на Универзитетот Алабама во Бирмингем), вели дека се знае дека децата чии мајки имале гестациски (труднички) дијабетес или пак дијабетес тип 2, имаат поголем ризик од појава на дијабетес тип 2.
Бројот на килограми кои е потребно да ги качите во бременоста зависи од тоа колкава била вашата тежина споредена со висината пред започнувањето на бременоста. Врската помеѓу висината и тежината се изразува преку така наречениот Индекс на телесна маса - BMI (body mass index). .
Да обезбедиме квалитетни и современи информации за здрава бременост, бебе, дете, родителство, за здраво семејство.
Верував и бев упорна и истрајна и вредеше
Читајќи по форумите и пребарувајќи по темите за ризични и проблематични бремености, во надеж дека барем некому ќе помогне вакво искуство, сакам да го споделам и моето искуство и проблемите со кои се соочив во претходните месеци. Повеќе...