Бременост

Втора седмица на бременост

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Ендометриумот, односно внатрешната обвивка на матката се задебелува и се спрема за да може го прифати ембрионот. Оваа недела се случува созревање на јајце клетката. Овулацијата, односно ослободувањето на јајце клетката од јајникот, кај жените со 28 дневен циклус веројатно ке се случи на крајот на оваа седмица, но често има отстапувања,. Некои жени ја чувствуваат овулацијата како лесна нелагодност, болка во јаникот или болка во долниот дел на стомакот.

Прва седмица на бременост

Што се случува во оваа недела од вашата бременост?

Мајката:

Вашата последна менструација штотуку започна и Вие можеби размислувате за бременост. Зачнувањето сеуште се нема случено, но одбројувањето на вашите 40 недели гестациска бременост веке е започнато. Запомнете го овој датум, затоа што Вашиот лекар развојот на Вашето бебе ке го следи и оценува врз основа на денот на Вашата последна менструација.

Бременост и тромесечија

Бременоста по тромесечија

Бременоста трае околу 40 седмици, почнувајки да се брои од првиот ден на вашата последна менструација. Запомнете го овој ден, затоа што тоа е важна информација за вашиот лекар и следењето на вашата бременост. Вашиот лекар ќе ја пресмета должината на вашата бременост, врз основа на овој датум. При редовните контроли ќе го споредува развојот и напредокот на бременоста врз основа на таа информација.

Фолна киселина

ВАЖНОСТ НА ФОЛНАTA КИСЕЛИНА

Фолната киселина е синтетичка форма на Б-9 витаминот, кој спаѓа во Б групата на витамини. Фолатите се од огромно значење за организмот, затоа што учествуваат во многу метаболички процеси и се неопходни за здравјето на секој човек. Фолатите чествуваат во синтезата на нуклеинските киселини (ДНК и РНК), крвните клетки и т.н.

Фолатите се наоѓаат во многу растенија во природата: леќа, шпаргла, спанаќ, марула и друг лиснат зеленчук, кикирики, сок од портокал, броколи ит.н

Што е потребно да понесете во родилиште

Што е да земете за во родилиште

Што ќе ви биде потребно да понесете во болница пред породувањето многу зависи од тоа во која болница ќе се породите. Ќе дадеме општ список на она што е потребно, но најдобро е да прашате во вашата болница што ви е потребно за таму.

Она за што ќе утврдите дека ви недостасува, покасно ќе можат да ви го донесат вашите домашни.

Перинеална масажа

Со цел да ја избегнат потребата од епизотомија или раскинување на перинеалниот дел (делот помеѓу вагината и анусот) за време на породувањето, многу жени во последните 4-6 седмици од бременоста практикуваат така наречена перинеална масажа.

Породување

Фази на породувањето

Секоја бременост секако дека завршува со породување. Породувањето се одвива во 3 фази.

Прва фаза на породувањето

Пред да започне породувањето, телото на жената веќе трпи низа промени како подготовка за породувањето. Поради тоа не е секогаш лесно да се каже кога породувањето всушност почнува.

Кегелови вежби во бременоста

Потекло на кегеловите вежби

Кегеловите вежби го добиле своето име по нивниот пронаоѓач, гинекологот Д-р Арнолд Кегел. Д-р Кегел уште во 1940 г. ги препорачувал овие вежби на жени кои имале проблем со неконтролираното испуштање на урина, што често се случува во бременоста или после породувањето, но исто така и во повозрасните години. Тоа не значи дека кегеловите вежби не се полезни и за мажите.

Стрии во бременоста и совети како да ги спречите

Стриите се многу честа појава во бременоста, се јавуваат кај 75-90% од бремените жени. Иако не претставуваат опасност за мајката или бебето, сепак стриите кај многу жени предизвикуваат загриженост заради козметичкиот ефект кој го оставаат.

Што ги предизвикува стриите

Појавата на стрии во текот на бременоста се должи на 2 фактора:

Pages

Designed by Antsin.com