Бременост

Успешната перидонтална терапија би можела да го намали ризикот од предвремено породување

Студија во САД покажа дека дека постои цврста поврзаност помеѓу успешното третирање на воспалените непца и стапката на предвремено породување.

Постојат повеќе фактори кои можат да ги зголемат шансите за предвремено породување, како нискиот индекс на телесна маса, пушењето, алкохолот итн. Но дополнителен ризик претставува оралната инфекција.

Недостатокот на Д витамин во бременоста носи ризик од шизофренија

Една студија во Данска покажа дека бебињата кои се раѓаат со мало ниво на Д витамин имаат двојно поголем ризик за појава на шизофренија покасно во животот.

За целта на испитувањето била направена споредба помеѓу нивото на Д витамин кај новороденчињата кај кои покасно се појавила шизофренија, со нивото на Д витамин кај здравите бебиња.

Психолошкото насилство во бременоста е поврзано со пост-породилна депресија

Психолошкото насилство од интимниот партнер, независно од физичкото и сексуалното насилство е поврзано со повисок ризик за развој на пост-породилна депресија.

Намалувањето на тежината го намалува ризикот за компликации во бременоста

Намалувањето на тежината по породувањето е проблем за голем број жени, но намалувањето за само 5 кг може да го намали ризикот за опасни компликации во следната бременост кај жени кај кои веќе имало компликации во бременоста.

Прееклампсијата
се карактеризира со висок крвен притисок, протеини во урината и отекување, може да влијае врз црниот дроб, бубрезите и системот за коагулација на крвта. Прееклампсијата е водечкиот фактор на смрт за врме на породувањето во развиените земји.

Што ќе ви недостасува по бременоста

Сигурно штом ќе ја разгласите веста за бременоста ќе почнете да слушате честитки и совети од типот "Уживај во бременоста". Можеби ќе си речете како да уживам во мачнините, киселините, големината и другите пропратни ефекти на бременоста. Сепак ако се сконцентрирате на позитивното можете да поминете 9 незаборавни месеци на задоволство. Бременоста можеби е пропратена со некои неугодности, но никогаш не заборавајте дека во вас се случува нешто прекрасно и чудесно. Само во тие 9 месеци во вашето тело се создава живот.

Тајниот живот во матката и поврзување со бебето

Во западната култура се смета дека родителството започнува со раѓањето на бебето. Овој поглед на работите е наметнат од научници кои врз бебето гледале како на физичка материја. Особено како погрешен се покажува ставот за "неспособноста на мозокот" на нероденото бебе да памети, учи, да искуси траума, емоции итн. се до раѓањето. Се испостави дека животот на нероденото бебе е многу побогат од тоа што се веруваше. Денес постои цела научна гранка Пренатална психологија.

Промени на кожата во бременоста

Кожата во бременоста е почувствителна, не само заради хормоните, туку и заради растегањето. Ако сте имале егзема, може да стане поизразена. Кожата може да стане почувствителна на сапуни, детергенти, парфеми, сонце итн. Ако приметите дека некој препарат предизвикува реакција на кожата престанете да го користите, бременоста е период кога е потребно прилагодување на новата ситуација во телото.

Вообичаени промени на кожата во бременоста

Еве ги најчестите промени кои се јавуваат на кожата на бремената жена:

Синдром на немирни нозе во бременоста

Што е синдромот на немирни нозе


Луѓето со синдром на немирни нозе чувствуваат некотролирана потреба да мрдаат со нозете за да си го олеснат чешањето, скокоткањето, лазењето или печењето кое го чувствуваат во нозете. Според некои статистики се јавува кај околу 20% од трудниците, особено во последните месеци од бременоста.

Pages

Designed by Antsin.com