5 Идеи со кои можете уште повеќе да ја зацврстите врската со бебето уште додека е во стомакот
Social Buttons
Не чекајте да се сретнете во родилна сала за да почнете да ја градите врската со вашиот син или ќерка. Иако сеуште не можете да го видите бебето, сега се создава силната врска помеѓу вас, која ќе трае доживотно. Еве неколку идеи како уште повеќе да ја развиете таа врска:
Употребувајте го вашиот глас
Малечкото расте и се развива со неверојатно темпо. До второто тромесечие неговиот слух е таков, да може да ве слуша и да му влијае надворешниот шум. Од сите гласови кои ги слуша, за вашето бебе најпознат и најутешувачки е токму вашиот глас. Тоа ве слуша додека разговарате, па и додека пеете под тушот. Можеби ќе ви изгледа чудно на почеток, но зборувајте му на мешето, а испејте му и некоја песна.
Вклучете го и тато
Чукањето на вашето срце и глас се најутешителните звуци во светот на бебето, а најблизу на второ место е гласот на тато. Охрабрете го да се вклучи во зборувањето и пеењето, а можеби и читањето на книги. Ќе се изненадите колку многу негувањето на врската помеѓу бебето и таткото ќе ја зацврсти вашата семејна врска.
Водете дневник
Запишувајте ги вашите мисли, надежи и соништа за вашето најмило. Секоја недела напишете по една порака, која ќе може да ја прочита во иднина. Споделете го денот, искажете ги вашите труднички стравови или едноставно излејте го срцето и кажете му колку многу веќе го сакате. Запечатете ја секоја порака во плико и зачувајте ја за време кога вашето дете ќе ја чита.
Играјте си заедно
Ставете ги вашите раце на стомакот. Кога бебето ќе клоцне, нежно возвратете му со вашиот прст. Можеби ќе одговори и ќе се приклучи во вашата мала игра.
Направете многу фотографии
Верувале или не, но тој убав стомак навистина ќе ви недостасува. Документирајте го низ фотографии напредокот на бременоста, ставете ги во албум и на крај секако низата завршете ја со сликата од вашето најмило кога ќе се роди.




