Труднички водач за преживување низ летните горештини
Social Buttons
Жештините не се воопшто пријатни за повеќето луѓе, но ова особено важи за трудниците. Трудниците носат поголема тежина со себе, но исто така работата се влошува и заради тоа што се покажува дека може да имаат малку повисока температура од претходно. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да ги намалите летните неугодности:
1. Пијте многу вода. Хидратацијата е исклучително важна за секоја трудница, а особено кога температурите ќе скокнат и повеќе се потите. Водата пијте ја рамномерно во текот на целиот ден, бидејки ако ожедните веќе сте дехидрирани. Дехидратацијата лесно може да ескалира во топлотен удар, а пиењето на течности ќе ви помогне и да го намалите ризикот за уринарни инфекции - кои се чести кај трудниците. За да избегнете дехидратација добро е и да јадете лубеница, краставици и др. плодови кои се богати со вода. Избегнувајте газирани сокови и сокови богати со шеќер, особено оние кои содржат кофеин.
2. Шетајте и вршете си ги работите надвор наутро и навечер, така ќе ги избегнете најсилните сончеви зраци. Кога сте надвор седете барем во пулусенка. Прегревањето може да му наштети на бебето и да предизвика оштетување. Избегнувајте да бидете на сонце од 10 - 17 часот. Средствата за заштита од сонце намачкајте ги 20 минути пред да се изложите, кожата на трудниците е почувствителна и полесно може да изгорите.
3. Пливањето е одличен начин да се разладите, но препорачливо е пливање во солена вода - така ќе ги избегнете можните инфекции од базените и езерата.
4. Носете лесна, светла облека. Вашиот избор нека бидат материјали кои можат да дишат, како памук и лен.
5. Имајте со себе спреј со вода за разладување. Исто така, ако сакате доплолнително разладување, можете да ставите влажни крпи на челото.
6. Вежбајте за време на ладовината, избегнувајки да се прегреете.
7. Туширајте се почесто, така ќе ви биде попријатно.
8. Јадете помали и лесни оброци. Обилните, тешки оброци ќе помогнат полесно да се загревате.
9. Одмарајте. Не се обидувајте да постигнете повеќе отколку што можете. Ако ви е потребна помош не се устегајте да ја побарате. Искорисетете го ова време и за повеќе спиење, кога ќе дојде бебето ќе немате таков луксуз.
10. Ако имате вртоглавица, слабост или почувстувате силна жед веднаш влезете внатре. Легнете, напијте се ладна вода или електролитски пијалок. Ако набрзо не ви е подобро јавете се кај вашиот лекар.
11. Кога седите, нозете нека ви бидат благо подигнати на перница за да избегнете поголемо отекување заради жештините. Избегнувајте долго стоење или одење, за да ја намалите можноста за да се јават посилни отоци. Внимавајте да не внесувате премногу сол, но не ја исфрлајте сосем.
Летото може да биде прекрасно време за да уживате во него, само внимавајте секогаш на знаци на дехидратација, проблематични отекувања или други знаци кои би ве загрижиле. Ако сметате дека има потреба, секогаш јавете се кај вашиот лекар.




