Кога почнува да се познава стомакот во бременоста?
Social Buttons
Ретко која нова трудница не си го поставува ова прашање, а најголемиот број жени со нетрпение го чекаат тоа време. Можеби се гледате во огледалото и го испитувате секој сантиметар од вашето тело и барате промени, кои би покажале дека сте бремени.
Понекогаш трудниците приметуваат работи на себе кои никој друг нема да ги примети, но тоа не значи дека нешто не е во ред со вас, туку вашето тело се подготвува за бременоста, хормоните "лудуваат" и тоа прави да се чувстувате чудно.
Секоја жена е различна, а исто и секоја бременост кај една иста жена. Можеби сте бремени и се споредувате со вашата бремена пријателка во истата фаза од бременоста, но немојте, не значи дека бременоста ќе биде иста кај двете. Или пак претходно сте имале една бременост и можеби очекувате и оваа да тече исто и стомакот да почне да ви се приметува во истото време - и тука можете многу да се излажете.

Времето кога ќе почне да ви се познава стомакот зависи од повеќе фактори, вашата тежина, градба, како и позицијата во која е поставено бебето.
Прво тромесечие
Понекогаш стомакот почнува да се познава уште во првото тромесечие од бременоста, но не така често. Причина за тоа може да бидат послаби стомачни мускули, подуеност или бременост со близнаци (или повеќекратна бременост). Исто така и запекот во бременоста не е реткост, па тоа ја зголемува подуеноста и ја прави жената поширока. Понекогаш пак покачената тежина може да даде чувство дека расте трудничкиот стомак. Во секој случај, во првото тромесечие ретко е потребна промена на облеката.
Второ тромесечие
Најголемиот број жени почнуваат да се познаваат дека се бремени во второто тромесечие. Најчесто на почетокот на второто тромесечие почнуваат забележетилни промени.
Кај некои пак се забележуваат постепени промени како што се приближува крајот на второто тромесечие. Некои жени пак кажуваат дека еден ден наеднаш стомакот им се "испакнал", алиштата стануваат тесни и најчесто на ред е добар шопинг на трудничка облека.
Ако не сте им кажале на пријателите и роднините дека сте бремени, второто тромесечие обично е време кога самите ќе почат да ве прашуваат дали се наоѓате во блажена состојба.



