Дали киселините во бременоста навистина значат бебе со многу коса?

трудница

Сигурно сте слушнале дека се вели дека трудница која има киселини, ќе има бебе со многу коса и сигурно сте помислиле дека станува збор за смешните бабини деветини. Истото го мислеле и лекарите, но научниците од Универзитетот Џон Хопкинс решиле да проверат дали е тоа навистина така и на нивно големо изненадување се потврдило како вистина.

Во студија, која е објавена во Журналот Birth, биле вклучени 64 бремени жени. 78% од жените имале киселини и воделе евиденција за нивниот интензитет. Отkако жените се породиле нивните бебиња биле фотографирани и фотографиите им биле дадени на истражувачите. Потоа тие го рангирале волуменот на коса кај секое од новороденчињата.

Се покажало дека од 28 жени, кои имале умерени до тешки киселини, 23 имале бебиња со просечна или надпросечна количина на коса. Додека, 10 од 12 жени, кои немале киселини, имале бебиња со малку или воопшто немале коса.


Не мора да значи дека токму косата на бебето е причина за киселините во бременоста


Иако е пронајдена поврзаност на киселините и косата кај бебето, сепак не значи дека мора да се работи за причинско последична врска.

Други студии покажале дека високите нивоа на естроген и други хормони предизвикуваат да се релаксира кружниот мускул на дното на хранопроводникот и со тоа да им овозможи на киселините да преминат од стомакот нагоре, предизвикувајки чувство на печење.

Исто така, студии покажале дека истите хормони можат да играат улога во растот на косата кај бебето во матката.

Затоа, ако имате високи количини на овие хормони, имате поголема веројатност за киселини во бременоста, а вашето бебе има поголема веројатност дека ќе има повеќе коса кога ќе се роди.

Тука можете да прочитате совети како да ги намалите киселините.