Со жештините се зголемува и можноста за порано раѓање
Social Buttons

Истражувачите откриваат дека пораните раѓања растат за 27% кога температурите се над 32 степени целзиусови, помеѓу 4 и 7 дена.
Тие ги разгледувале податоците за 300 000 раѓања во Монтреал, помеѓу 1981 и 2010 година и ги споредиле со летните температури во тој период.
Температурите немале влијание врз прераните раѓања, дефинирани како бремености што траеле помалку од 37 недели.
Но, жените кои биле во 37-38 недела од бременоста, односно имале уште околу 2 недели до полниот термин, имале 17% поголеми шанси да се породат, кога температурите над 32 степени траеле 3 дена.
Кога жештините над 32 степени траеле од 4 до 7 дена, ризикот растел до 27%.
Водачот на студијата, Др. Nathalie Auger, вели:
Студиите сугерираат дека стресот - предизвикан од жештините, ги зголемува контракциите на матката, во време кога терморегулацијата во бременоста е намалена.
Исто така, се сомневаме дека дехидратацијата го намалува дотокот на крв во матката, зголемувајки го лачењето на хормоните кои предизвикуваат да почне породувањето.
Порано родените бебиња имаат поголеми шанси за респираторни проблеми.
Неколку совети за летните горештини и бременоста.



