ХЦГ хормон

Social Buttons

Што е ХЦГ хормонот


ХЦГ (Human Chorionic Gonadotropin) хормонот е труднички хормон кој се произведува од плацентата, кога оплодената јајце клетка ќе се вгнезди во матката. Отприлика тоа се случува 7-10 дена по овулацијата. Кога јајце клетката ќе се вгнезди и ќе почне да се лачи хормонот, тој преминува во крвта и урината.

Главната функција на ХЦГ е да го поткрепи лачењето на прогестерон од жолтото тело - Corpus Luteum, кој е неопходен за одржување на бременоста.

Нивото на ХЦГ може да се испитува преку крв или преку урина. Вредностите во крвта се повисоки, од оние во урината.

Тестовите за бременост работат на принцип на детектирање на присуството на овој хормон.


Вредности на ХЦГ хормонот


Многу жени ги интересира кои се нормални вредности на ХЦГ хормонот, но тие можат многу да варираат. Она што е многу поважно е неговото дуплирање на одреден временски период. Во глобала најдобар начин за индикација за успешноста на бременоста е да се слушне чукањето на срцето околу 6-7 седмица.

Во табелата се напишани просечните вредности на ХЦГ хормонот во крвта, во зависност од седмиците поминати од денот на последната менструација (ДПМ).

Седмици поминати од ДПМ Нормални вредности на ХЦГ хормонот

3 седмици
4 седмици
5 седмици
6 седмици
7 -8 седмици
9-12 седмици
13-16 седмици
17-24 седмици
25-40 седмици

5-50 mIU/mm
4-426 mIU/mm
19-7,340 mIU/mm
1,080-56,500 mIU/mm
7,650-229,000 mIU/mm
25,700-288,000 mIU/mm
13,300-254,000 mIU/mm
4,060-165,400 mIU/mm
3,640-117,000 mlU/mm

Кај жени кои не се бремени вредностите се помали од 5 mlU/mm
Кај жени после менопауза <9.5 mlU/mm

Вредностите на ХЦГ хормонот се мерат во мили интернационални единици на милиметар (mIU/mm).


Дуплирање на вредностите на ХЦГ хормонот


Како што кажавме самите вредности на ХЦГ хормонот не значат многу, она што е важно е нивното правилно дуплирање. Некои бремености со ниска вредност на ХЦГ ќе резултираат со совршено нормални и здрави бебиња.

Дуплирањето е побрзо додека вредностите се помали (на почетокот од бременоста), а потоа е побавно. Вредностите на хормонот растат докај 8-11 седмица, а вообичаено максимумот го достигнуваат помеѓу 9-10 седмица. потоа од 12-16 седмица полека почуваат да опаѓаат.

  • Додека нивото на ХЦГ е помало од 1200 mIU/ml вообичаено дуплирањето е на на секои 48-72 часа.
  • Кога вредноста е помеѓу 1200 и 6000 mIU/ml дуплирањето е на секои 72-96 часа.
  • Кога ќе достигне над 6000 mIU/ml, за да се дуплира вредноста вообичаено е потребно да поминат над 4 дена.


Мерењето на ХЦГ хормонот кога вредностите веќе се над 6000 mIU/ml нема повеќе смисла, затоа што на таа точка неговиот раст секако ќе се успори, и не покажува дали бременоста тече како што треба.


Што значат ниски вреднсти на ХЦГ хормонот


Што значат високи вреднсти на ХЦГ хормонот

  • Дека датумот на зачнување е погрешно пресметан
  • Моларна бременост
  • Бременост со близнаци, тројки итн.


Во кои случаи се следи ХЦГ


Мерењето на ХЦГ хормонот вообичаено не се прави рутински, туку доколку лекарот се сомнева дека нешто не е во ред. На пример ако имате крварење, болки во стомакот или пак имате историја на абортуси.

Доколку дошло до абортус вредностите на хормонот ќе се вратат во нормала најчесто за 4-6 седмици, зависно од тоа колку напредна била бременоста.

Доколку се работело за моларна бременост, вредностите на хормонот ќе се следат подолго време и е потребно да помине подолг период за да дојде до негово нормализирање.

Designed by Antsin.com